Повеќе од две милијарди луѓе во светот немаат пристап до питка вода, а се очекува дека до крајот на 2025 година со недостиг на вода за пиење да се соочат околу 3,5 милијарди луѓе.
Организацијата „Лекари без граници” (МСФ), отворајќи повеќе од 230 бунари во Чад, Нигер, Кенија, Сомалија, Авганистан и Демократска Република Конго, овозможи пристап до питка вода за околу 140.000 луѓе.
„Лекари без граници” смета дека и денес во светот постојат луѓе кои немаат пристап до питка вода, која е неопходна за живот.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), околу 2,1 милијарда луѓе немаат пристап до питка вода, а три од 10 луѓе користат нечиста вода.
СЗО потсетува и дека 263 милиони луѓе секојдневно пешачат и по половина час за да дојдат до питка вода.
„Лекари без граници” предупредуваат дека се очекува до 2025 година, околу 3,5 милијарди луѓе да се соочат со недостиг на вода.
Според истите податоци, секои 90 секунди во светот умира по едно дете поради недостиг на питка вода.
Координаторот на проектите на „Лекари без граници’”, Јахја Танрикулу потсетува на потешкотиите со кои се соочуваат луѓето во различни делови од светот за да имаат пристап до питка вода.
– Минатата година бевме во местото Танга во Танзанија. Бевме сведоци дека луѓето поставуваа контејнери на покривите од куќите, во кои собираа дождовница. Ги прашав зошто го прават тоа. Ми одговорија дека ја пијат таа вода, а ја користат и за подготовка на храна, појасни Танрикулу.
Тој поосчи дека со слична ситуација се соочиле и во Авганистан.
– Таму има деца кои пешачат со километри за да дојдат до питка вода. На тој пат понекогаш ги губат и своите животи. Недостигот на вода за пиење доведува и до епидемии на различни болести од кои тие умираат, додаде Танрикулу.