Анализа: Што точно предвидуваат новите ЕУ правила за заштита на авторски права на Интернет?

- Advertisement -

Креативците и издавачите ќе добијат моќ да преговараат со интернет гигантите благодарение на новите правила за заштита на авторските права на Интернет, кои исто така ќе донесат и нова заштита на слободата на изразување.

Неодамна усвоените законски измени во Европските парламент ставаат крај на легислативниот процес кој започна во Европскиот парламент во 2016 година. Сега останува на земјите-членки да ја одобрат одлуката на парламентот. Доколку тие ја прифатат новата директива, таа ќе почне да се применува по објавувањето во службен весник и земјите-членки ќе имаат на располагање две години за да ја имплементираат.

- Advertisement -

Директивата има за цел да осигура дека правата и обврските кои ги носи законот за авторски права ќе се применуваат и на Интернет. Тоа значи дека YouTube, Facebook и Google News се некои од имињата кои најмногу ќе бидат засеганти од оваа легислатива.

Директивата има за цел и да го направи Интернетот безбедно место за слобода на изразување. Таа ќе им овозможи на музичарите, изведувачите, авторите на текстови, креативците, како и издавачите да преговараат за подобар надомест за нивната работа со интернет платформите. Интернет платформите ќе бидат директно одговорни за содржините кои се објавуваат на нивните страници и автоматски им се дава право на издавачите да преговараат за надомест за сториите напишани од нивни новинари кои ги искористиле некои агрегатори на вести.

- Advertisement -

Посебни делови од директивата се специјално наменети за слободата на изразување. Поточно, директивата не се осврнува на споделувањето делови од текстови, но содржи неколку одредби кои ги спречуваат агрегаторите на вести да ги злоупотребуваат. Кратките извадоци од текстови може да се споделуваат, на пример, на Google News или кога нешто се споделува на Facebook, но само доколку се многу кратки. Објавувањето цитати, критики, коментари, карикатури, пародии се заштитува уште повеќе од порано, но мемињата и гифовите мора да бидат достапни за споделување на онлајн платформите.

Многу онлајн платформи нема да бидат засеганти од новата директива затоа што објавувањето на онлајн енциклопедии, на пример, на некомерцијален начин, како што е Wikipedia или платформите за open source софтвер како што е GitHub автоматски се исклучени од оваа директива. Стартап платформите ќе подлежат на поблаги мерки отколку тие што се популарни и етаблирани.

- Advertisement -

Авторите и изведувачите исто така ќе имаат право да бараат дополнителен надомест од дистрибутерите кои ги злоупотребуваат нивните авторски прави кога првично договорениот надомест е диспропорционален со профитот на дистрибутерот.

Директивата има и за цел да го олесни користењето на материјалите заштитени со авторски права преку податочно рударење, што значи дека европските истраќувачи ќе можат да добијат поголема конкурентска предност. Исто така, во директивата се потенцира дека рестрикциите на авторските права нема да важат за содржини кои се користат за предавање или за илустрирање.

На крај, директтивата овозможува и материјалите заштитени со авторски права да се користат бесплатно со цел зачувување на културно наследство. Некомерцијалната работа ќе може да се користи во случаи каде што нема колективна организација која може да издаде дозвола.

Како оваа директива ќе ја смени статус кво ситуацијата? Моментално интернет компаниите не се принудени да потпишуваат фер договори за лиценцирање со авторите на содржини затоа што не се сметаат за одговорни за содржините кои ги објавуваат нивните корисници. Тие се обврзани само да отстранат некои содржини кога тоа од нив ќе го побараат тие што ги поседуваат авторските права. Сепак, тоа не е фер кон некои сопственици на авторски права затоа што не им гарантира фер надомест. Кога интернет компаниите ќе бидат одговорни за содржините што се споделуваат, авторите на содржините, односно музичарите, изведувачите, авторите на текстови итн. ќе добијат фер договори за лиценцирање, што значи дека ќе добијат и фер надомест за дигиталната употреба на нивната работа.

„Оваа директива е голем чекор кон коригирање на ситуацијата која на неколку компании им овозможи да направат големи пари без соодветно да ги исплатат илјадниците креативци од чија работа зависеа. Оваа директива има за цел да го заштити животот на луѓето, да ја зачува демократијата преку поддршка за различниот слоп на медиумски содржини, заштита на слободата на изразување и поддршка за развојот на стартап културата и технологијата. Таа помага Интернетот да се подготви за во иднина како место од кое ќе има корист секој, а не само неколку моќници“, изјавија од Европскиот парламент.

Сподели!
- Advertisement -