Предавањето Стратегии за раст на стартап фирми и предизвици на организацискиот раст ќе ги опфати темите:

– што е стратегија?
– начини како да се дизајнира стратегија?
– кои стратегии за раст им стојат на располагање на стартап фирмите?
– како да се избере правилна стратегија?
– кои се предизвиците на организацискиот раст?
– кои се симптомите кои се појавуваат на секоја фаза од животниот циклус на претпријатието?

Гадаф Реџепи е вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде предава на додипломски и постдипломски студии од oбласта на менаџментот. Неговите интереси вклучуваат иновации, отворена иновација, стратегија, CSR и одржливост. Тој e автор или ко-автор на околу шеесет истражувачки трудови во повеќе реномирани научни списанија. Објавил и десет учебници издадени од водечките издавачки куќи, меѓу кои Springer, Routledge и Taylor како и Francis. Учествува во експертски тимови во земјава и во странство и бил ангажиран како советник на министерот за економија во Северна Македонија. Во 2016-та, од страна на Emerald Group Publishing, е добитник на наградата за извонредност (Award for excellence).