Македонија е најголем производител на вранец во регионот!

- Advertisement -

Во моментов во земјава има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои околу 11 илјади хектари се под сортата вранец. Овој податок ја прави нашата држава најголем производител на грозје и вино од оваа сорта во регионот.
Ова го посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на конференцијата што во Скопје се одржа по повод Светскиот ден на вранецот.
На конференцијата, која прв пат се одржува во земјава и е во организација на здружението „Вина од Македонија“ присуствуваа освен домашни гости и гости од ЕУ, Бугарија, Велика Британија, Романија, Грција, Албајија, БиХ, Косово,  Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, САД, Сингапур, Либан, Нов Зеланд, Германија.
 

Затоа нашето вино особено вранецот е познато по својот квалитет ширум светот. Лозарството и винарството се нашите стратешки гранки и затоа како Влада изминатите две години посветуваме сериозно внимание на развојот и на примарното лозарство и на винската индустрија, рече министерот за земјоделство.

Нагласи дека во рамки на активностите за стратешка промоција и позиционирање на светската винска сцена досега се потрошени над два милиони евра, само за промоција на вранецот како сорта.
-Преку мерките од програтама за директни плаќања во 2019 година овозможуваме за 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи 30 отсто од трошоците за гориво ги покрива државата, нагласи Димковски.
Во делот на винската индустрија, додаде тој, зголемена е поддршката за промоција на македонските вина на меѓународните заеми од половина на еден милион евра, со што ќе се овозможи поголем пробив на нашите квалитетни вина и отворање на нови пазари за извоз.
Во комуникација со претставници од винската идунстрија, подготвени се измени на Законот за вино, кој што е во финална фаза. Со законските измени се олеснуваат условите за производство на малите семејни винарии, се воведуваат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.
Вкупното проиводство на вино, истакна министерот, се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои околуи 80 милиони завршуваат на пазарите надвор од РСМ,  од што и годишниот девизен прилив изнесува 50 милиони евра.
 
 
Пред присутните говореше и претседателот на „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски, кој нагласи дека од денеска се почнува со еден нов дел од она што се работело во винскиот бизнис во земјава.

Сподели!
- Advertisement -