11.3 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Една третина од корисниците на интернет се деца

Kabtel desktop

Една третина од корисниците на интернет се деца, а најчестите опасности на кои се изложени се собирање на нивните лични податоци, лажни вести, загрозување на приватноста, злоупотреба во комерцијални цели и изложеност на штетни и вознемирувачки содржини, соопшти дигиталната агенција Namics по повод Денот за безбеден интернет.

Истражувањето на УНИЦЕФ, „Безбеден интернет“, за целото семејство покажа дека помалку од 10% од децата на возраст од 4 до 8 години не користат дигитални уреди, а некои деца добиваат пристап на интернет и пред да наполнат 3 години.

Како што оцениле, поради возраста кога се среќаваат со новите технологии, денешните деца се сметаат за дигитални домородци. Овој термин се користи за луѓето кои растат во дигитална ера и се разликуваат од оние кои се запознале со модерните технологии кога веќе биле возрасни.

„Најчестите активности на децата на интернет се консумација и репродукција на видеа и фотографии, слушање музика и играње видеоигри, а ако земеме за пример дека 80% од учениците го поминуваат слободното време играјќи видеоигри, јасно е дека дигиталната технологија ги обликува начините на кои децата денес комуницираат и како се дружат.

Затоа е битно да имаат доволно знаење за интернетот и предизвиците на модерната доба. Децата од сиромашните земји немаат уреди преку кои можат да пристапат на интернет или не знаат англиски, Во овој модерен свет неможноста за користење интернет само ги продлабочува разликите затоа што тие не се во можност да ги користат предностите на мобилноста при вработување.

Модерната доба бара соработка од родителите, учителите и другите луѓе кои се занимаваат со едукација на деца со претставници на оваа индустрија и носителите на одлуки. Сите нивоа треба да испратат порака дека интернетот сам по себе не е лош, но мора да се употребува на одреден начин кој подразбира одговорност, критичко размислување и креативност.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •