18 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Американска студија покажа дека малите деца заболени со корона вирус се до 100 пати позаразни од возрасните

Kabtel desktop

Процентот на генетски материјал во корона вирусот во носот на децата до пет години е за 10 до 100 пати поголем отколку кај постарите деца и кај возрасните, открива американска студија објавена пред два дена. Сосема малите деца би можеле да бидат битни преносители на вирусот меѓу населението, се вели во студијата објавена во медицинското списание JAMA Pediatrics.

Но, хипотезата на студијата која ја спроведоа научници од детската болница „Ен и Роберт Лури“ и од Универзитетот Нортвестерн им пртивречи на досегашните тврдења. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да се отворат училиштата и градинките во сојузните држави за да се поттикне закрепнување на американското стопанство.

Од 23 до 27 април научниците земале примерци од носот на 145 пациенти кои боледувале од полесна до умерена форма на КОВИД-19 и до една недела од појавата на првите симптоми кај тие луѓе. Пациентите биле поделени во три категории: 46 деца помали од 5 години, 51 дете од 5 до 17 години и 48 возрасни од 18 до 65 години.

Како што велат научниците, во носните шуплини кај најмалите деца нашле 10 до 100 пати поголема количина САРС-КоВ-2 отколку во другите групи. Истакнуваат дека лабораториската студија докажала дека што поголем генетски материјал е присутен, тој е позаразен. Како последица на тоа, малите деца можат да бидат големи преносители на заразата на САРС-КоВ-2 меѓу населението, велат авторите.

Освен што студијата помага да се согледаат здравствените импликации, авторите сметаат дека резултатите можат да помогнат во вакцинирањето кога ќе биде готова вакцината за КОВИД-19.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •