SpaceX за првпат ќе се обиде да ги фати двете фази на Starship

- Advertisement -

Во петок, на 13 ноември, SpaceX ќе го изведе 15-тиот пробен лет на својата мега-ракета Starship. За време на овој лет компанијата за првпат ќе се обиде да ги фати и засилувачот Super Heavy и вселенското летало Starship (горната фаза), користејќи ја лансирната кула.

Доколку сè се одвива според планот, компанијата за првпат ќе ги врати двете фази од орбиталната ракета на местото на лансирање и ќе ги фати.

- Advertisement -

„Ова треба да биде првиот лет во кој и Starship и Super Heavy се враќаат на местото на лансирање за да бидат фатени. Доколку обидот биде успешен, тоа ќе претставува прво целосно враќање на еден орбитален лансирен систем и клучен момент во трансформацијата на Starship во сигурна ракета, која може брзо и повеќекратно да се користи“, наведуваат од SpaceX.

Starship се состои од засилувачот Super Heavy и вселенското летало Starship, при што и двете компоненти се дизајнирани за целосна и брза повеќекратна употреба. Тие се фаќаат со помош на металните краци на лансирната кула – познати како „стапчиња за јадење“ (chopsticks) – кои се наоѓаат на лансирната рампа во Starbase, во јужен Тексас.

- Advertisement -

Лансирањето е закажано во временски прозорец од 75 минути. Се очекува Super Heavy да се врати кај кулата приближно шест и пол минути по полетувањето.

Досега, SpaceX трипати успешно го фати Super Heavy, но никогаш претходно не се обиде да ја фати горната фаза. Ова е посложена задача, бидејќи Starhsip лета повисоко и подалеку од засилувачот, што го прави неговото враќање на Земјата покомплицирано.

- Advertisement -

Starhsip ќе влезе во орбитата, исто како што тоа го направи за време на 14-тиот лет на 28 септември – мисија во која Starship за првпат стигна до орбитата. За време на овој лет тој исто така ќе постави 26 сателити Starlink V3 од новата генерација. Претходниот лет заврши со спуштање во водите на Северниот Тихи Океан, околу три часа по полетувањето, но овој пат се очекува Starhsip да остане во вселената значително подолго. Според SpaceX, вселенското летало треба да орбитира на височина од приближно 275 километри, правејќи околу 14 обиколки околу Земјата во текот на летот што ќе трае повеќе од 22 часа.

Компанијата наведува дека траекторијата е осмислена така што леталото во секој момент може да премине на безбедна суборбитална патека или да слета во океанот на една од неколкуте однапред одредени локации. Следствено, враќањето на леталото не е загарантирано, бидејќи SpaceX ќе се откаже од враќањето во Starbase доколку нешто тргне наопаку.

(Klix.ba)

(фото: Pexels/iCliff Agendia)

- Advertisement -