14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

SpaceX ќе лансира лендер на Месечината во 2022 година

Kabtel desktop

Компанијата SpaceX на иноваторот Илон Маск доби договор со кој стана партнер за лансирање на компанијата Masten Space Systems. Masten Space Systems е една од компаниите кои се под договор со американската вселенска агенција НАСА во програмата Commercial Lunar Payload Services (CLPS).

Првата лунарна мисија ќе биде остварена во 2022 година доколку се оди според планот, а целта е да се достави лунарниот лендер XL-1 на јужниот пол на Месечината заедно со товар на НАСА, вклучувајќи инструменти за научни експерименти и багаж на комерцијални патници.

CLPS програмата на НАСА е дел од нејзините пошироки планови за ширење на партнерствата со комерцијални вселенски компании со цел намалување на трошоците така што ќе ги дели со партнери од приватната индустрија. Оваа програма исто така е битна компонента на програмата Artemis на НАСА, која има за цел да ја испрати првата Американка и следниот Американец на површината на Месечината до 2024 година.

Научната опрема која ќе ја понесе лендерот на НАСА ќе и помогне на НАСА да го проучува јужнио пол со собирање податоци за неговата околина. Мисијата Artemis III на НАСА предвидува слетување на истиот дел од лунарната површина, а CLPS лендерите ќе помогнат за собирање информации за условите и подготовката на ресурси.

Во програмата CLPS се планирани четири мисии кои вклучуваат лендери. Лендерот Peregrine на Astrobotic ќе биде лансиран во јуни 2021 година, а во октомври истата година на Месечината патува лендерот на компанијата Intuitive Machines. Лендерот на Masten ќе биде лансиран во декември 2022 година, а лендерот Griffin на Astrobotic во 2023 година.

(Klix.ba)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •