Бактерии помагаат во реставрирање на историските згради

- Advertisement -

Паста направена од бактерии може да биде решението за големите трошоци за одржување на историските градби во Европа. Имено, многу од старите згради во Европа се постари од 1.000 години. Иако тоа е доказ за цврстината на материјалите кои се користеле уште во времето на Римјаните, презервацијата и реставрацијата на зградите е многу скап проблем.

Решението може да биде некое од неодамнешните откритија – бетон кој сам се поправа, како и паста направена од бактерии која ги реставрира зградите. Само во Европската унија одржувањето на мостовите чини од 4 до 6 милијарди евра годишно, додека замената на тие мостови би чинела најмалку 400 милијарди евра, покажуваат проценките.

- Advertisement -

Овие неверојатни суми ги инспирираа научниците да бараат метод со кој мостовите и другите градби би се поправале самите. Нивните истражувања доведоа до развој на леплива паста направена од бактерии.

Досегашните истражувања покажаа дека бетонот на кој ќе му се додадат спори од бактерии кои се стврднуваат до калцит се претвора во бетон кој самиот се поправа и ги лечи пукнатините на старите згради. Ова е одличен напредок за градбите направени од бетон, но што е со историските згради направени од камен? Тим од европскиот проект Geoheal неодамна развија техника која им овозможува на корисниците да стават паста од бактерии на камењата која веднаш штом ќе се појават пукнатини почнува да ги затвора.

- Advertisement -

„Каменот и геолошките материјали се биорецептивни. Бактериите кои ги користиме може да живеат во такви средини и да доведат до формација на минерали се додека имаат пристап до вода, кислород и хранливи материи“ вели професорот по геоинженеринг на Универзитетот Кардиф и член на тимот на Geoheal, Мајкл Хаботел.

Истражувачите ја тестирале својата паста од бактерии во Велс на манастирот Тинтерн, кој е изграден во 1131 година. Користејќи два типа на бактерии, Sporosarcina pasteurii и Sporosarcina ureae, тие откриле дека нивната паста навистина ја подобрила микроструктурата на масонската градба без да го смени надворешниот изглед на каменот. Освен тоа, пастата не влијаела на порозноста на каменот, што е проблем кај многу од третманите за заштита.

- Advertisement -

Овие третмани со бактерии имаат потенцијал да ја подобрат безбедноста на ктричните инфраструктури и да спречат катастрофални настани како што беше срушувањето на мостот Моранди во Џенова, Италија, во 2018 година, кога починаа 48 луѓе. Сепак, голем дел од таквите структури се подземни, поради што инспекцијата е вистински предизвик.

Друг европски проект, Geobacticon, кој заврши во декември минатата година, ја истражуваше ефикасноста на тие бактерии кај подземниот бетон. Geobacticon го потенцираше фактот дека различните типови почва со различна влага и киселост влијаат на бетонот на повеќе начини. Освен тоа што собрале клучни информации за тоа како функционира бетонот кој сам се поправа во подземна средина, истражувачите кои се дел од Geobacticon исто така открија дека пастата направена од бактерии може да ги заштити и челичните шипки поставени во бетонот.

Влагата и хемикалиите од почвата можат постепено да го разјадат челикот, поради што структураа слабее и може да се случат потенцијални катастрофи. Затоа битни се методите кои превенираат корозија.

Магдалини Теодориду, инженер на Универзитетот Њуксал, која била дел од проектот Geoheal, вели дека кај новите конструкции можноста за инкорпорирање на материјали кои помагаат самопоправање ќе придонесе за похрабри и поодржливи дизајни.

Во иднина истражувачите велат дека каменот и бетонот кои сами се поправаат може да доведат до нови методи на градење, како и нови архитектонски форми кои ќе останат цврсти и стабилни со векови.

(Interesting Engineering)

(фото: Minnesota Libraries)

Сподели!
- Advertisement -