Ви го претставуваме Јакоб Гајшек од Словенија, ментор на акцелераторската програма на Акцелераторот УКИМ. Пријавувањето започна!

- Advertisement -

Акцелераторот УКИМ го објави повикот за Акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар!
BAU APA2021 е програма креирана да генерира ново знаење и да ги претвори иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси. Над 10 реномирани глобални експерти ќе бидат вклучени како ментори, додека секоја недела успешните стартапи ќе ги споделат своите приказни, успеси и неуспеси со 15-те избрани стартапи во период од 8 интензивни недели.

Ќе бидат организирани два демо дена (на 3 ноември и 15 декември), што ќе му овозможи на секој стартап да го претстави својот напредок и потенцијал пред меѓународните и локалните ментори и инвеститори.

- Advertisement -

Сè на сè, оваа програма е фантастична можност за напредните стартапи и брзорастечки компании да научат од реномирани глобални лидери за технологии и бизнис. Програмата содржи четири модули за унапредување на сите аспекти на акцелерирање на производот, компанијата и основачите, поделени во два дела:

– Дел I: Работилници за поддршка на развојот на 15 стартапи (Октомври):

- Advertisement -

– Демо ден # 1: Избор на 3-5 стартапи кои покажаа најдобар потенцијал

– Дел II: Адаптирани менторски сесии (Ноември)

- Advertisement -

– Демо ден # 2: Можност за инвестирање.

Тимот на Акцелераторот УКИМ: Нина Крстевска, Александар Стамболиев и Перица Врбоски

За повеќе информации посетете не на: https://accelerator.ukim.mk/APA2021 и поднесете ја вашата апликација најдоцна до 12 септември. Следете не на социјалните медиуми со цел да ги запознаете менторите, успешните регионални и глобални стартапи и можностите кои ги нуди Акцелераторската програма на Акцелераторот УКИМ.

Во следните објави на Иновативност ќе ви ги претставиме менторите кои ќе бидат дел од BAU APA2021 и ќе ви помогнат да ја трансформирате вашата идеја во профитабилен бизнис. Започнуваме со Јакоб Гајшек, извршен директор на Инкубаторот на Универзитетот во Љубљана и ко-основач на водечкиот регионален Акцелератор АБЦ. Тој е особено фокусиран на градење напредни технолошки компании и помагање при обезбедување на нивно финансирање.

Господин Гајшек, која ќе биде вашата улога во акцелераторската програма BAU APA2021 и која беше вашата мотивација да се вклучите?

Низ програмата APA2021 на Акцелератор УКИМ, ќе им помогнам на стартапите да ја валидираат вредноста на нивниот производ, и да разберат што значи предлог за добра вредност и како тие можат да ја унапредат истата.

Отсекогаш се трудев да бидам многу активен во регионалниот стартап екосистем и оваа програма е уште една брилијантна можност за стартапите да научат за однесувањето на нивниот бизнис на следното ниво.

Зошто се важни овие акцелераторски програми и кои се бенефитите од нив за стартап компаниите?

Патот на пробивање на еден стартап е многу тежок, но многу е полесно ако имате поддршка по тој пат. Во оваа акцелераторска програмата ќе добиете знаење од експерти, навистина ќе го посветите вашето време на развојот вашиот стартап и можеби најважно – ќе ја зголемите вашата мрежа на луѓе слични на вас, други основачи со кои ќе се поддржувате. Животот на стартапите е многу поубав ако сте дел од заедницата.

Ве молиме да споделите со нас некои остварувања и успеси од соработка со стартапи?

Соработувавме со доста стартапи, во кои се инвестирани над 6 милиони евра. Неколку од најзначајните се Juicy Marbles, Beeping, Influee, Videobolt, Hotailors и така натаму. Ние им помогнавме главно со своите први чекори, а сега тие ја надминаа нашата заедница и ние сме среќни што сме им ментори. Тие растат многу брзо и постојано освојуваат нови пазари.

Кажете ни кои се трендовите сега во развиените стартап екосистеми и како тие може да бидат корисни за екосистеми во развој, каков што е македонскиот?

Голем тренд е deeptech – стартапи кои користат напредна технологија за да создадат голема вредност за своите клиенти. Стартапите во развиените екосистеми се генерално поамбициозни – но и вие треба да бидете исто така.

Не плашете се да бидете амбициозни. Компаниите од мали, нови екосистеми треба да бидат многу амбициозни бидејќи домашниот пазар е мал, и морате да го освоите глобалниот пазар. И таму, големите соништа можат да станат реалност. Треба да работите многу напорно, а исто така да имате и малку среќа. Но, сепак не постојат граници за вашиот успех.

Зошто стартапите треба да бидат дел од APA2021? 

Акцелераторската програма ќе ве поврзе со меѓународни експерти, ќе ви помогне да најдете слични луѓе дома и ќе ви помогне да го унапредите вашиот бизнис. Што повеќе би можеле да побарате?

За учество во програмата се бараат посветени тимови од најмалку двајца членови со иновативна идеја и глобална визија за раст, со професионално искуство до 5 години, со минимум 51% македонска сопственост и со дефинирана интелектуална сопственост, кои се заинтересирани за: (1) тренинг од глобални експерти, (2) искуство од успешни стартапи, (3) професионално менторство, (4) мрежа на контакти, (5) можност за инвестирање од БАУ до 100.000 € и (6) постојана поддршка.

Програмата овозможува поврзување на стартапите со искусни ментори и успешни регионални и глобални стартапи и е подготвена во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР a е финансирана од Луксембург за Западен Балкан преку Фондот за поддршка на малите бизниси на ЕБОР (EBRD Small Business Impact Fund). Други донатори се: Италија, Јапонија, Кореја, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Тајван Бизнис – Фондот за техничка соработка на ЕБОР (TaiwanBusiness- EBRD Technical Cooperation Fund)  и САД.

Акцелераторската програма, вклучително работилниците и менторските сесии, ќе се одржуваат онлајн (предмет на промена според тековните протоколи COVID-19 за јавен собир).

Сподели!
- Advertisement -