8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Google работи на таен проект кој програмерите ќе ги замени со вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Google веќе со години развива вештачка интелигенција за различни потреби. Од вештачката интелигенција која ни ги сервира баш резултатите кои ги пребаруваме до вештачка интелигенција која се сокрива зад виртуелниот асистент на Google.

Но, речиси во тајност развиваат вештачка интелигенција која треба да има целосно нова улога – да се научи самата себе како да пишува компјутерски кодови. Ако успеат да го постигнат тоа, би го решиле проблемот со недостатокот на програмери, но веројатно и ќе ја сменат целата ИТ индустрија.

Станува збор за генеративна вештачка интелигенција, вид на технологија која користи алгоритми за создавање слики, видеа и сл, а можевмењ да ја препознаеме преку програмата DALL-E, која со неколку зборови создава целосно нова слика. Но, генеративната вештачка интелигенција на која работи Google би се фокусирала на создавање и доработување на компјутерски кодови, а истоврмено би го задржала квалитетот на кодот кој го прават компјутерски програмери.

Како што напишаа на официјалниот блог, последната генерација од нивниот јазичен модел, како што е PaLM, е способна за целосно расудување и е запознаена со милиони линии на кодови. Користејќи упатства кои се користат при проучување јазик, моменталните јазични модели се покажаа многу ефикасни кога треба да напишат генерички код, но и код со кој се управува со роботи.

Така настанал Code as Policies (CaP), односно системот кој овозможува вештачка интелигенција да создава програма која ќе ја следат роботи, а сето тоа базирано на програмскиот јазик Python.

Code as Policies е чекор до роботи кои можат да го модифицираат своето однесување и во склад со тоа, да ги прошират своите можности. Тоа може да отвори целосно нови опции, но и да ги зголеми потенцијалните ризици бидејќи синтетизираните програми може да резултираат со несакано однесување на роботите.

Иако нивниот систем CaP е далеку од тоа да биде самостоен и да создава линии кодови како искусен програмер, сепак е показател во кој правец ќе се развиваат работите во иднина. Во секој случај, CaP е уште во зародиш, но треба да внимаваме на него.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!