Конкурсот за млади квантитативни умови „Славица Тодоровска – Цаци“ 2026 е отворен! Четврта година по ред ги наградуваме младите истражувачи!

- Advertisement -

Млади на возраст од 18 до 30 години можат да поднесат истражувачка идеја во форма на апстракт до 6 септември, а најдобриот истражувачки есеј со менторска поддршка ќе освои парична награда од 1.000 евра.

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, четврта година по ред, го објавува отворениот повик за Наградата за млади квантитативни умови „Славица Тодоровска – Цаци“ за 2026 година. На повикот можат да учествуваат државјани на Македонија на возраст од 18 до 30 години, индивидуално или како авторски тим од две лица.

- Advertisement -

За пријавување не е потребен готов истражувачки труд. Кандидатите треба најдоцна до 6 септември 2026 година да поднесат апстракт од најмногу 250 зборови, во кој ќе објаснат кое истражувачко прашање сакаат да го разгледаат, зошто сметаат дека е важно, кои податоци планираат да ги користат и како приближно би пристапиле кон неговата анализа.

Истражувачките идеи треба да бидат релевантни за Македонија и да припаѓаат на една од трите тематски области:

- Advertisement -
  • младински стандард и економска независност;
  • формалното образование и можностите со вештачката интелигенција;
  • менталното здравје и дигиталниот свет.

Од пристигнатите апстракти ќе бидат избрани до 10 финалисти, кои ќе учествуваат на работна сесија и ќе добијат менторска поддршка за да ја развијат својата идеја во истражувачки есеј од 1.500 до 1.800 зборови кој треба да се заснова на квантитативна анализа.

Рокот за поднесување на финалните есеи е 10 октомври 2026 година, а добитникот ќе биде објавен на 20 октомври 2026 година. Авторот на најдобриот истражувачки есеј ќе ја освои Наградата „Славица Тодоровска – Цаци“, како и парична награда од 1.000 евра. Финалните трудови ќе бидат објавени од ЗМАИ во заедничка публикација.

- Advertisement -

Наградата е создадена во чест на Славица Тодоровска – Цаци, соосновачка на ЗМАИ како потсетник на нејзиниот истражувачки дух, љубопитноста и вербата во знаењето и во потенцијалот на младите луѓе.

Аплицирање: https://zmai.mk/konkurs2026/
Повеќе информации: www.zmai.mk
Контакт: contact@zmai.mk

- Advertisement -