Рекордно загадување на воздухот на Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Ако мислевте дека прашината која лебди во вашиот дом е грозна, немојте да замислувате како им е на астрономите на Меѓународната вселенска станица. Покрај тоа што пијат рециклирана вода, јадат дехидрирана храна, дишат рециклиран воздух, една нова студија откри дека прашината која лебди околу нив е многу позагадена од вообичаената на која сме навикнати на Земјата.

Научници поврзани со истражувачкиот центар на НАСА, Glenn и Универзитетот Бирмигнем открија дека Меѓународната вселенска станица е дом на специфична мешавина на честички прашина, која вклучува и микропластика и соединенија кои се наоѓаат во изолациите на зградите.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Environmental Science and Technology Letters, а ги анализирала специјалните филтри на воздухот кои ги има на станицата. Истражувачите откриле бројни хемикалии, меѓу кои и оние кои се нарекуваат вечни хемикалии, за кои претходно беше утврдено дека може да бидат токсични во поголеми количини.

Иако воздухот на Меѓународната вселенска станица постојано циркулира 8-10 пати на час и поминува низ специјален систем за филтрација, филтрите таму обично го прочистуваат јаглерод диоксидот и другите загадувачи, меѓутоа никој не знае колку хемикалии се филтрираат.

- Advertisement -

Друг проблем е тоа што високите нивоа на јонизирачко зрачење, на кое е изложена станицата, може да го забрзаат процесот на стареење на пластиката на бродот, поради што таа брзо се претвора во микропластика и се пренесува низ воздухот.

Тоа може да доведе до тоа концентрацијата и релативно изобилните хемикалии во прашината на Меѓународната вселенска станица значително да се разликуваат од внатрешните микросредини на Земјата, објаснуваат научниците.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -