Оман гради Мускат на вода вреден 1,3 милијарди долари

- Advertisement -

На брегот на главниот град на Оман, Мускат, ќе биде направена импресивна градба со вкупна вредност од 1,3 милијарди долари, која ја проектираше светски познатотот архитектонско биро Zaha Hadid.

Градбата ќе има 3,3 милиони квадратни метри, а ќе биде составена од станбен комплекс, пристаниште, установи на културата, шеталишта и други објекти. Изградбата треба да почне на крајот на годинава, а се очекува дека на тоа подрачје ќе живеат над 60.000 луѓе.

- Advertisement -

Од Zaha Hadid велат дека една година го финализирале моделот кој го претставило Министерството за урбанизам на Оман, а основата на проектот била да се олесни пристапот до јавниот превоз.

„Всушност, идејата е да се отстранат сите автомобили, да се отстранат сите игради и да се направи кампус на министерството со многу функции,со кои ќе се привлечат семејства и нови генерации“ велат од бирото.

- Advertisement -

Пешачењето таму ќе биде пријатно благодарение на пасивното ладење. Освен тоа, ќе има и инфраструктура за возење велосипед, ќе има максимална употреба на соларна енергија, а домашните растителни врсти ќе бидат сочувани и дополнително заштитени.

Економијата на Оман долго време зависеше од нафтата, но сега многу полесно се инвестира во недвижности за да се поттикнат странските инвестиции. Со тоа се зголемени приходите кои не се остварени од продажба на нафта.

- Advertisement -

Според проценките, бројот на жители во Мускат ќе се зголеми од 1,5 милиони на 2,7 милиони до 2040 година.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -