САД усвоија ревидиран закон кој може да го забрани TikTok на 12 месеци

- Advertisement -

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа нацрт закон со кој може да се забрани социјалната мрежа TikTok. Станува збор за ажурирана верзија во која се бара компанијата ByteDance да ја продаде социјалната мрежа на американска компанија во рок од една година наместо за шест месеци,меѓутоа, ако тоа не се исполни, TikTok би можел дабиде забранет на App Store и Google Play Store.

TikTok објави соопштение на социјалната мрежа X и наведе дека забраната ќе ги погази сите права на слобода на говор за 170 милиони Американци, ќе уништи 7 милиони компании и ќе затвори платформа која годишно придонесува за американската економија со 24 милијарди долари.

- Advertisement -

Меѓутоа, тоа не засегна никого од претставничкиот дом, па предлог-законот беше подрржан со поголема поддршка отколку минатиот месец- 360 гласови за и 58 против.

Се очекува дека нацрт-законот ќе го помине гласањето во Конгресот, а кога ќе се случи тоа, останува да го потпише американскиот претседател Џо Бајден и така да го направи акон. Бајден веќе рече дека ќе го потпише нацрт-законот, после што ByteDance, како сопственик на TikTok, ќе има 12 месеци за да најде купец во САД за својата платформа или да ја чека забраната.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -