YouTube тестира нова опција базирана на AI

- Advertisement -

Една од компаниите кои често експериментираат со новитети е YouTube, а неодамна почнаа со тестирање на опција базирана на вештачка интелигенција, како и на податоци за гледање на видеата.

Опцијата се вика “Јump ahead” и додека се до неодамна беше достапна само за одреден мал број корисници како експеримент, сега веќе е достапна за поголем број луѓе во САД, но само за претплатници на YouTube Premium.

- Advertisement -

Како што кажува и самото име, видеото ќе се премести напреддо оној момент за кој вештачката интелигенција смета дека би им бил најинтересен на корисниците. Со оглед на тоа дека корисниците консумираат многу содржини, особено видеа, не е тешко да се заклучи дека ова ќе биде доста популарна опција затоа што на подолгите видеа ќе ве носи само на најинтересните делови.

На YouTube сега можеме да прескокнуваме по 10 секунди со допир на екранот, а корисниците кои ја тестираат новата опција велат дека кога двапати ќе притисат на екранот се појавува новата опција “јump ahead” и доволно е да се допре за да се активира. Ако не ја допрете опцијата, ќе исчезне за неколку секунди.

- Advertisement -

YouTube планира да го заврпи експериментот во јуни, но постои можност да се продолжи или таа опција да се овозможи за поголе број корисници после јуни.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Arta Pixel)

Сподели!
- Advertisement -