ВИДЕО: Еве како Apple ја тестира издржливоста на iPhone

- Advertisement -

Јутјуберот Markez Brownlee неодамна ја посети лабораторијата на Apple за од прва рака да види како компанијата ја тестира издржливоста на новите iPhone телефони. Тој сними седум крати видеа кои ги споделил на својот профил на X за сегашните корисници да можат да видат како Apple одредува дали нивните телефони исполнуваат одредени стандарди пред да се пуштат во продажба.

Уредите прво се тестираат за IP рејтинг, односно оценка за отпорност на вода и прашина. Ова се прави со симулација на туширање, а потоа со помош на воден млаз со низок притисок. Третиот тест за отпорност е со вода преку противпожарно црево. На крајот, iPhone се става во канистер полн со вода.

- Advertisement -

За тестирање на кршливоста Apple користи робот кој постојано го крева и го спушта iPhone од различни висини и агли со цел јасно да се види издржливоста на куќиштето. Камерите вперени кон телефонот исто така им овозможуваат на инженерите да го гледаат моментот на удар во бавно движење, што може да открие структурни проблеми со дизајнот.

Мобилните телефони исто така се тестираат при услови на тресење. Ова се случува не само за време на земјотрес, туку и додека возите во автомобил, на мотор или воз. Овој тест е многу едноставен. Уредите се ставаат на плех за тресење и се забележува нивната отпорност на вибрации со различен интензитет.

- Advertisement -

(021)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -