Кинеската автомобилска компанија BYD Auto го претстави најголемиот носач на возила во светот, кој може да превезува до 9.200 автомобили преку вода. Бродот, наречен BYD Shenzhen, го добил името по градот во кој е седиштето на компанијата. Неодамна официјално отплови од пристаништето Јангжу, кое се наоѓа северозападно од Шангај.
BYD Shenzhen е долг 219 метри и широк 37,7 метри, со максимална брзина од 18,5 јазли (21,3 милји на час) и провев од 9 метри. Бродот е во склоп на експанзијата на гигантот за електрични возила во странство бидејќи се надоврзува на минатогодишниот пораст на продажбата за да насочи поголем удел на глобалниот пазар во 2025 година.
Најновиот брод е дизајниран со фокус на еколошката. Содржи технологија со опција за два вида гориво, што му овозможува да работи и на LNG и на традиционално поморско гориво. Дополнително, бродот е опремен со уреди за заштеда на енергија и стационарни батерии за складирање на BYD, кои најверојатно го напојуваат бродот за време на приклучувањето или во зони со ниска емисија, дополнително намалувајќи ја потрошувачката на гориво и емисиите.
BYD Shenzhen, четвртиот ro-ro (roll-on/roll-off) брод на BYD е подготвен да заплови, според извештајот на China News Service. Од 2024 година BYD лансираше четири вакви бродови како дел од своето глобално проширување на прекуокеанските пазари. Првиот брод, BYD Explorer No 1, дебитираше во јануари 2024 година и веќе има завршено повеќе патувања во Европа, вклучувајќи ги Шпанија и Германија, како и приклучување во Бразил, објави Electrek.
Вториот брод на BYD, BYD Changzhou, започна со работа на почетокот на декември 2024 година, проследен со BYD Hefei, кој заплови минатата недела. Двата брода, заедно со BYD Explorer No 1, можат да превезат до 7.000 возила. BYD Hefei минатата недела превезе 5.000 возила, при што BYD изјави дека бродот ќе го забрза глобалното проширување на новите енергетски возила на Кина.
Понатаму, BYD веќе се прошири во 100 земји и региони ширум светот, позиционирајќи се за уште поголем раст во 2025 година. По производството на над 1,77 милиони возила минатата година, BYD го надмина Tesla за околу 4.500 единици и стана најголемиот светски производител на електрични возила. Во меѓувреме, Tesla испорача малку повеќе целосно електрични возила, со 1,78 милиони во 2024 година, во споредба со 1,76 милиони на BYD.
Со приливот на нови ривали во Кина, BYD агресивно се шири на нови прекуокеански пазари. Откако влезе во Јапонија во 2023 година, пазар на кој доминираат домашните производители на автомобили, BYD ја надмина Тоyota во продажбата на електрични возила во 2024 година.
Оваа недела BYD го лансираше својот прв електричен атомобил во Јужна Кореја, по цена од нешто повеќе од 20.000 американски долари, што го означува својот предизвик за Hyundai и другите локални играчи на нивниот домашен терен, истакнуваат од Electrek. Компанијата, исто така, има за цел да го зајакне своето присуство на јужнокорејскиот пазар со претстојните претставувања на седанот Seal и теренецот Sealion 07 подоцна оваа година.
(Electrek)
(фото: Free Malaysia Today)