Научниците мислат дека нашите очи еволуирале од едно око на врвот на нашите глави

- Advertisement -


Лесно е да ги земеме здраво за готово нашите очи. Но, една нова студија покажува дека тие поминале низ неверојатно еволутивно патување за да ја достигнат својата сегашна позната форма.

Одамна е познато дека нашите очи се фундаментално различни од оние на нашите далечни роднини (безрбетници), поради составот на нивните клетки и начинот на кој се развиваат пред раѓањето. Сепак, одговорите на прашањата зошто и како се појавиле овие разлики долго време остануваат нејасни.

- Advertisement -

Студија од универзитетите во Сасекс и Лунд сугерира дека нашите очи потекнуваат од предок сличен на црв кој талкал по океаните пред 600 милиони години. Истото важи и за сите билатерални животни, т.е. оние чии тела можат да се поделат на приближно симетрични лева и десна половинa.

Како дел од студијата научниците анализирале 36 главни групи на живи животни (вклучувајќи ги речиси сите билатерални животни) за да видат каде се наоѓаат нивните очи и клетки чувствителни на светлина и која е нивната функција

- Advertisement -

Тие откриле дека очите и клетките чувствителни на светлина се постојано лоцирани на две одделни локации: во парови од двете страни на лицето и по средната линија на главата, на врвот на мозокот.

Кај проучуваните животни спарените клетки се користат за насочување на движењето, додека клетките во средината разликуваат ден од ноќ и горе од долу.

- Advertisement -

Тие заклучиле дека древниот предок на сите ‘рбетници го изгубил својот „контролен“ пар очи кога се префрлил на претежно седентарен начин на живот пред 600 милиони години, закопувајќи се во морското дно. Како филтер-хранител без потреба од движење, енергетски интензивниот пар очи станал бескорисен и премногу барачки.

Сепак, оваа промена во животниот стил не влијаела на клетките чувствителни на светлина во средината на главата, бидејќи животното сè уште морало да го разликува времето од денот и насоката на горе и долу. Иако спарените очи ги немало, овие клетки се развиле во мало централно око.

Веројатно е дека во рок од неколку милиони години ова животно повторно го променило својот начин на живот. Враќањето кон пливањето ја пресоздало потребата за контрола на движењето и мерење на сопствените движења на телото со цел ефикасно филтрирање на храната и избегнување на предатори.

Ова ја поттикнало еволуцијата да развие централно око со формирање мали очни чаши од двете страни. Овие чаши подоцна се одделиле, се преселиле на страните од главата и формирале нови парни очи: нашите очи.

Губењето и повторниот развој на видот се случиле пред помеѓу 600 и 540 милиони години. Делови од централното око останале и станале епифиза во мозокот, кој произведува и ослободува хормонот за спиење мелатонин.

Кај многу ‘рбетници епифизата прима светлина преку транспарентен дел во средината на главата. Меѓутоа, кај цицачите овој орган ја изгубил својата способност да детектира светлина – веројатно затоа што раните цицачи биле активни ноќе и се криеле преку ден. Така, почувствителните очи го презеле детектирањето на светлина што го регулира лачењето на мелатонин и спиењето.

Животните што не ги изгубиле своите оригинални парни клетки чувствителни на светлина го сочинуваат мнозинството безрбетници денес, бидејќи потекнуваат од гранка на еволуцијата што не преминала на седентарен начин на живот. Тука спаѓаат ракови, инсекти, пајаци, октоподи, полжави и многу видови црви. Овие животни сè уште имаат модерни верзии на оригиналните системи за детекција на светлина.

Парните очи на инсектите и ракообразните животни се сложени очи, составени од голем број ситни леќи. Наместо тоа, октоподите и полжавите имаат очи слични на камера со една леќа.

Всушност, октоподите и полжавите независно го развиле истиот дизајн на очите и визуелни способности како и ние ‘рбетниците.

Сепак, нашата мрежница, слојот чувствителен на светлина во задниот дел од окото, има повеќе од 100 видови неврони (кај глувците, дури и повеќе – 140), во споредба со само неколку кај октоподите и полжавите. Ова ја прави речиси исто толку сложена како церебралниот кортекс.

(021)

- Advertisement -