Договорот со Донгфенг е дел од поширока соработка помеѓу европскиот и кинескиот автомобилски сектор, додека Стелантис ги оптимизира производствените капацитети и го проширува своето присуство на глобалниот пазар.
Стелантис во Франција започнува со производство на кинески автомобили за европскиот пазар
Фабриката на Стелантис во Рен-Ла Жан наскоро би можела да започне со производство на барем еден модел на кинескиот производител Донгфенг Мотор наменет за европскиот пазар.
Договорот доаѓа во време кога Стелантис се обидува подобро да го искористи капацитетот на своите европски фабрики, додека Донгфенг бара начин да избегне дополнителни царини за увоз на возила од Кина.
Фабриката во близина на Рен, позната по производство на историски модели на брендот Ситроен, денес главно го произведува Ситроен C5 Еркрос, поради што постои загриженост кај вработените за иднината на фабриката, особено во случај на пад на продажбата.
Според француските медиуми, претставници на Донгфенг веќе ја посетиле фабриката неколку пати, а наскоро се очекува официјална потврда за соработка. Фабриката, како што е наведено, има капацитет да произведува дополнителни 40.000 возила годишно без поголеми инвестиции.
Соработката на Stellantis со кинеските производители не е ограничена само на Dongfeng, бидејќи компанијата веќе соработува со брендот Leapmotor, чии модели ќе се произведуваат во Шпанија, а планиран е и развој на нови модели во рамките на заеднички платформи. Во исто време, Stellantis го проширува своето присуство и на кинескиот пазар, каде што од следната година во фабриката во Вухан ќе се произведуваат нови модели на Peugeot и Jeep, наменети и за кинескиот и за глобалниот пазар.
(Kamatica)
Фото – Wikimedia commons




























