ЕЦБ ги објави предлозите за дизајн за новите евро банкноти

- Advertisement -

Европската централна банка објави список со дизајни за првото редизајнирање на евро банкнотите од нивното воведување во 2002 година, а јавноста може да се изјасни дали сака да види европски историски личности или реки и птици на валутата.

ЕЦБ објави вкупно 10 опции за кои секој што ќе дојде на веб-страницата на институцијата ќе може да гласа.

- Advertisement -

Во предлозите може да се видат бројни европски историски личности, како што се композиторот Лудвиг ван Бетовен, научничката Марија Кири и други луѓе кои придонеле за светот, а кои потекнуваат од Стариот континент.

Исто така, меѓу опциите е и истакнувањето на европската флора и фауна, т.е. видови птици и други животни што живеат во Европа, како и европските природни ресурси како што се реките.

- Advertisement -

Ова ќе биде прв пат од 2002 година евро банкнотите да добијат нов дизајн, а конечниот избор ќе биде познат на крајот од годината.

Иако гласањето е отворено, јавноста нема последен збор, бидејќи Управниот одбор на Банката ќе го избере победничкиот дизајн.

- Advertisement -

(Klix.ba)

- Advertisement -