Турција за само шест месеци примила над 25 милиони странски посетители

- Advertisement -

Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, ги презентираше резултатите од туристичкиот сектор за првата половина од годината на прес-конференција одржана денес (31 јули) во Истанбул.

Во текот на првите шест месеци од 2026 година 25,8 милиони странски туристи ја посетија Турција. Приходите од туризам останаа на исто ниво како и минатата година и достигнаа вкупно 25,8 милијарди американски долари.

- Advertisement -

Регионалните тензии на Блискиот Исток и глобалните неизвесности влијаеја на побарувачката за туризам во првата половина од 2026 година. Иако Турција не беше вклучена во конфликтот, а сите наши аеродроми и авиокомпании продолжија да работат без прекин, затворањето на воздушниот простор на Блискиот Исток доведе до мал пад на побарувачката.” рече Ерсој.

Како што истакна, во првите шест месеци од 2025 година Турција беше домаќин на 26,4 милиони посетители, додека во истиот период оваа година пречека 25,8 милиони.

- Advertisement -

Втората половина од годината ја започнавме многу успешно, а нашите тековни проекции укажуваат на значително подобри резултати до крајот на годината. Благодарение на нашите стратешки иницијативи, успеавме да ги задржиме приходите од туризам на нивото од 2025 година и да ја завршиме првата половина од годината со силен резултат од 25,8 милијарди американски долари” нагласи министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.

Просечната должина на престојот на туристите во Турција се зголеми за 0,5 проценти и сега изнесува 10,01 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќ се зголеми за 2,6 проценти, на 109 американски долари.

- Advertisement -

Трите најголеми водечки пазари за Турција останаа непроменети: Руската Федерација (2,65 милиони посетители), Германија (2,44 милиони) и Обединетото Кралство (1,58 милиони).

(Bizlife)

- Advertisement -