Honda ќе гради фабрика за автомобили во САД вредна 3 милијарди долари

- Advertisement -

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor објави дека ќе изгради нова фабрика за автомобили во Охајо, вредна 3 милијарди долари. Во погонот ќе се произведуваат хибридни возила, а ќе се отворат и 2.000 работни места.

Од компанијата наведоа дека фабриката ќе има годишен производствен капацитет од 240.000 возила, а со работа се очекува да започне во 2029 година.

- Advertisement -

Како што пренесува Ројтерс, со ова производниот капацитет на компанијата во САД ќе се зголеми на 1,3 милиони возила годишно, а во цела Северна Америка на 1,9 милиони возила. Тогаш беше соопштено и дека се напуштаат претходните цели за продажба на електрични возила.

Од Honda изјавија дека ќе инвестираат во своите капацитети во Алабама за развој на нов V6 хибриден мотор, додека фабриката за мотори во Охајо ќе биде пренаменета за производство на нов четирицилиндричен мотор.

- Advertisement -

Дополнително, ќе бидат пренаменети и фабриките за менувачи во Охајо и Џорџија, а постојат и планови за повторно активирање на производството на мотори во Онтарио.

Бројни странски производители на автомобили најавија значителни нови инвестиции во САД како одговор на царините воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

- Advertisement -

Минатиот месец Audi објави планови за изградба на фабрика за склопување возила во близина на Мејкон, Џорџија, вредна 4 милијарди долари. Се очекува објектот да биде завршен на почетокот на 2030-тите години, при што би произведувал 200.000 теренски возила (SUV) годишно и би вработувал 4.500 работници.

Во јули Toyota Motor Corporation објави дека ќе инвестира 3,6 милијарди долари во изградба на производна линија за камионети во својот производствен комплекс во Сан Антонио, Тексас, како и дека дел од производството на пикап-возила ќе го премести од Мексико во САД. Завршувањето на објектот е планирано до 2030 година, а со тоа ќе се отворат 2.000 работни места.

(N1)

(фото: Pexels/Aboodi Vesakaran)

- Advertisement -