Мразите вмрежување? Еве една техника со која ќе станете сечиј најдобар пријател

- Advertisement -

Секоја цел која ќе си ја зададете во животот или во бизнисот вклучува контакти со други луѓе. Изгледа лесно и многумина го занемаруваат, но наместо да се грижите за сите ситни детали во бизнисот, вие треба да се фокусирате само на една работа: вмрежување

Кога основачот на LinkedIn, Рајд Хофман, ги запиша трите најбитни нешта кои посакува да ги научил на факултет, градењето односи и контакти беше број 2 на листата. И тој е во право. Секоја цел која ќе си ја зададете во животот или во бизнисот вклучува контакти со други луѓе. Барате инвестиции? Не, вие барате инвеститор, човек. Сакате поголема продажба? Не, вие сакате повеќе купувачи.

Изгледа лесно и многумина го занемаруваат, но наместо да се грижите за сите ситни детали во бизнисот, вие треба да се фокусирате само на една работа: вмрежување. Веројатно не го сакате вмрежувањето, како и повеќето луѓе. Веднаш помислувате на формалните средби фокусирани на продажба, принудните разговори на конференции. Сетоа тоа изгледа ужасно и тоа поради само една причина: луѓето се себични.

- Advertisement -

Класичното вмрежување потфрла кога се фокусирате само на себеси. Зошто би сакале да поминете време во просторија каде што сите го гледаат само својот интерес? Од друга страна, сакате да поминувате време со пријателите и да се дружите затоа што знаете дека тие луѓе немаат себична причина за да разговараат со вас. Сакате и да ги слушате затоа што знаете дека и тие ќе ве сослушаат вас. Што кога вашите бизнис контакти и односи би ги претвориле во лични?

Социјалната интеракција се состои од давање и примање. Кога другите навистина ве слушаат и ве третираат со почит, се чувствувате обврзани да постапувате со нив на ист начин. Тоа е основно културно правило кое постои од дамнина. Тоа се вика реципроцитет и е концепт кој се споменува на секој курс по психологија и во секоја позната книга за маркетинг. Исто така, тоа е принцип број еден од Шесте принципи на влијанието во книгата „Influence“ на психологот д-р Роберт Цијалдини.

- Advertisement -

Доколку сакате да бидете повлијателни, првото прашање што треба да си го поставите не е „Кој може да ми помогне?“. Првото прашање е „На чиј бизнис можам да му помогнам да напредува?“, затоа што по реципроцитет тие луѓе потоа ќе сакаат вам да ви помогнат да напредувате. Звучи едноставно, нели? Но, како да ја примените таа идеја за вмрежување и за градење бизнис односи без да банкротирате? Еве неколку предлози како да го направите тоа без да останете со празни џебови.

Решете проблем. Направете брејнсторминг сесија или советувајте некого со анегдоти за да решите некој проблем. Понекогаш доволно е да прашате дали можете да помогнете?

- Advertisement -

Понудете некои од вашите ресурси. Имате ли нешто што можете да го позајмите,а знаете дека ќе му помогне некому? Можеби некоја алатка или вапата публика?

Помогнете некому да воспостави контакт. Познавате ли некој кого некоја друга личност сака да го запознае? Можеби можете да ги запознаете.

Прашувајте мудри прашања. Можете ли некому да покажете дека се интересирате за нив и нивната работа? Знаете ли нешто што ги мачи? Прашајте мудри прашања за да ги заинтересирате за разговор.

Давајте мали подароци. Какво пријатно изненадување можете да му приредите некому? Можеби попуст за вашите услуги или покана за некој ексклузивен настан?

Запомнете, реципроцитетот е двонасочен и единствено функционира ако и двете страни се однесуваат исто. Признајте кога некому должите нешто и возвратете на добриот гест. Резултатите од тоа нема да бидат видливи преку ноќ. Сепак, вие градите мрежа од „сојузници“ и познаници кои ќе сакаат да ви помогнат, а тоа треба време за да се манифестира.

(Inc.com)

Сподели!
- Advertisement -