2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Желбата да се издигнеш над другите те прави одличен апликант за Adient

Kabtel desktop

Adient е глобален лидер за автомобилски седишта и произлезен е од Johnson Controls. Во Македонија е присутен од 2011 година со отворање на фабиката во Штип од каде се снабдуваат брендовите Mercedes и Ford со висококвалитетни производи. Од 2016 со отворање на фабриката во Струмица  се задоволуваат потребите за Opel и Ford. За идните планови на овој глобален бренд во Македонија разговараме со Наумче Ивановски, генерален директор на Adient Македонија. 

  • Господине Ивановски, Adient е познат бренд во својата индустрија, но не и е толку познат на јавноста. Што правите вие во Adient?

Adient е глобален лидер за производство на автомобилски седишта и е една од трите бизнис единици кои го сочинуваа Johnson Controls.

Нашиот раст и насока беа лимитирани од потребата на компанијата како целина и во потрага по флексибилност за раст во и вон автомобилскиот пазар во 2016 АДИЕНТ се одвојува како посебен бренд со сопствени процеси, средства, системи, објекти и луѓе.

Како консумент можеби сте запознаени со брендот RECARO, кој е дел од Adient. Ние произведуваме и снабдуваме автомобилски седишта за сите класи возила и за сите големи ОЕМ (Original Equipment Manufacturer или компании кои продаваат туѓи производи под свое име). Тоа е возможно со помош на 75.000 вработени кои работат во 230 производствени фабрики и фабрики за склопување во 33 земји ширум светот. Нашата експертиза го опфаќа секој чекор од процесот на производство на седишта за автомобил од комплетни системи за седење до индивидуални компоненти. Нашите компоненти помагаат да се оформи сликата за иднина со автономни и електрични возила.

  • Го прославивте петтиот роденден во Штип. Имате и друга фабрика во Струмица. Што се прозведува во овие фабрики?

Да, фабриката во Штип почна со производство во 2011 година и таму се прават навлаки за седишта. Ние ги снабдуваме брендовите како Mercedes и Ford со високо квалитетни производи. Во Струмица, пак, се концентрираме на Opel и Ford и почнавме со производство на почетокот на 2016 година со 200 вработени. Во Македонија главно произведуваме навлаки за седишта.

  • Дали сте задоволни со производството? Мислите ли дека одлуката да инвестирате во Македонија беше правилна?

Да, апсолутно. Нашите клиенти ни даваат позитивен фидбек и гледаме пораст на побарувачката. Тоа се рефлектира и во бројот на вработени: персоналот во Штип достигна бројка од 1.800 вработени и постојано бараме нови искусни апликанти. Како што споменав, во Струмица почнавме со 200 вработени, а во текот на годинава бројката се искачи на 1.000. Бидејќи гледаме позитивна иднина во регионот, бројот на вработени во Струмица ќе го зголемиме на 1.500. Adient бара вработени и во моментов.

  • Кои предности ги нуди вашата компаниска култура во Македонија?

Adient е водечки снабдувач со автомобилски седишта во светот поради луѓето кои стојат зад него. Ние сме тим од мислители и реализатори. Тоа значи дека секој кој ќе се приклучи на тимот на Adient игра битна улога. Нам ни се битни квалификациите на вработените исто колку и нивниот карактер. Секој треба да се посвети на обврските. Ние креираме работно место каде што се цени здравјето и безбедноста на вработените, а водиме грижа и за околината. Токму затоа вработените се наша највредна сопственост.

  • Во Македонија има недостиг на квалификувана работна сила. Многу компании тешко наоѓаат работници. Како стојат кај Вас работите во овој поглед?

Навистина е тешко да се идентификува квалитетната работна сила во Македонија. Тоа е така затоа што во изминатите години локалната автомобилска индустрија забрзано растеше и многу искусни луѓе веќе се вработени. Нема посебни училишта за автомобилска индустрија или универзитети во Македонија.

Adient на глобално ниво инвестира во обуки и други едукативни мерки за на вработените да им овозможи да си ги надградуваат вештините. Тие програми ги нудиме и во Македонија за да ги поддржиме апликантите да ја достигнат посакуваната позиција во компанијата. Повеќе од 40% од вработените поминале низ обуки и се искачиле на подобро работно место.

Како среднорочна мерка го зголемуваме и радиусот од каде што вработуваме. Пак да напоменам дека се грижиме за нашите вработени. Кога е возможно Adient организира транспорт за вработените до и од работа за да им биде полесно. Доколку неколку колеги живеат во предградие или оддалечена област Adient испраќа автобус или друг превоз.

Постојано бараме заинтересирани апликанти. Бараме такви кои сакаат да учат и да работат. Битно ни е да сакаат за се предизвикуваат себеси, да се желни за учење и за сакаат да си ги надградуваат вештините. Се разбира дека бараме луѓе кои веќе знаат како да шијат, имаат соодветно образование, но бараме и такви кои се спремни да излезат од својата зона на комфорот и имаат повисоки цели. Светскиот лидер за производство на автомобилски седишта Adient постојано е отворен за нови вработени.

Доколку сакате да аплицирате во Adient јавете се на бесплатниот телефонски број 0800-8-000-8 и оставете ги вашите податоци.    

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •