Сметките за топлинска енергија отсега достапни и во електронска форма

- Advertisement -

 

Снабдување со топлина Балкан енерџи, како кориснички ориентирана компанија која излегува во пресрет на потребите на потрошувачите, ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

- Advertisement -

Со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Со неа корисниците на услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Со користењето на услугата „е-фактура“, потрошувачите добиваат сметка во електронска, наместо хартиена форма, и со тоа придонесуваат за заштита на животната средина, како и за други еколошки придобивки.

- Advertisement -

„Снабдување со топлина Балкан енерџи како одговорна компанија, во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина. Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина Балкан енерџи. Повеќе совети и информации се достапни во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200.

Сподели!
- Advertisement -