Уморни сте од работната недела? Пробајте ги овие пет совети за лична грижа

- Advertisement -

Соочени со роковите за завршување на задачите и долгите работни денови пред компјутер, често се чувствуваме обземени и исклучени откако ќе ја завршиме работната недела. Неретко се случува ваквиот умор да го пренесете со себе и за викендот, а и на почетокот на наредната работна нeдела.

Еве неколку совети како да си ги наполните батериите за викендот, да уживате во вашето слободно време и да го започнете понеделникот освежени и полни со енергија.

- Advertisement -

1. Поминете време во природа

Никогаш не ги потценувајте бенефитите на една обична прошетка надвор. Истражувања покажале дека прошетките не само што го опуштаат делот од мозок кој е одговорен за депресија, туку и ја намалуваат тензијата на телото. Доколку, пак, ви треба нешто поинтензивно, испланирајте планинарење со пријателите или семејството наместо да отидете во трговски центар или кино.

- Advertisement -

2. Најдете некого за разговор

Да се побара дури и терапевт веќе не е табу и денес многу повеќе луѓе посетуваат терапевт отколку пред неколку години. Разговарањето за чувствата и предизвиците со кои се соочувате со некој кој нема да ве осудува ќе ви влева доверба помага во одбегнувањето на стресот, уморот и насобраниот гнев.

- Advertisement -

3. Вежбајте

Минувањето на дел од денот во вежбање каде што ќе се испотите убаво го зголемува лачењето на ендорфин и ви ја намалува тензијата во телото. Земете час за време на викендот по кикбокс, фитнес или јога за релаксирање.

4. Станете дел од заедницата

Осаменоста и депресијата често одат заедно и полека стануваат едни од најчестите здравствени проблеми во светот. Изолацијата може да биде лесно поттикната доколку останувате до доцна во канцеларијата или кога го минувате викендот гледајќи само серии. Наместо тоа, приклучете им се на група луѓе со слични интереси како вашите како, на пример, во клуб за читање книги или едноставно побарајте ги пријателите за кафе или вечера во град.

5. Откријте ново хоби

Сликање, креативни изработки, готвење, дури и филантропија можат да имат огромен позитивен ефект на вашето тело, ум и душа. Секој од нас е страстен за повеќе од едно нешто, но бидејќи сме луѓе, можеме да завршиме само по една работа во моментот. Откривањето на ново хоби е само еден начин да се остане во баланс.

Сподели!
- Advertisement -