ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни вредности од емисиите

- Advertisement -

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/. На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали.

Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг. Компанијата има 24-часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше до медиумите еднаш неделно.

- Advertisement -

Покрај тоа, на новиот порталот за животна средина ќе можат да се најдат информации за активностите на компанијата во различни области од животната средина, како континуирани инвестиции и примена на иновации во процесот на работа, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива.

Оваа платформа е дополнителен канал за отворена и транспарентна комуникација со јавноста.

- Advertisement -

На новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје ќе има можности и за директно поставување прашања или да се побараат дополнителни информации од различни области поврзани со работењето на компанијата. Ќе бидат објавени и студиите што компанијата ги спровела во различни области и други материјали и корисни линкови од областа на животната средина.

Порталот за животна средина постојано ќе се надоградува со нови информации, а на него ќе биде поставена и новата А интегрирана дозвола.

- Advertisement -

Како одговорен член на заедницата ТИТАН Усје останува посветена на креирање на одржлив развој во интерес на сите засегнати страни.

- Advertisement -