Никогаш не е доцна за да преземете нешто во насока на подобрување на себеси. Некои промени се толку лесни и едноставни, па токму поради тоа секогаш ги оставаме за друг пат
Еве неколку активности кои можете да ги преземете уште денес за да се изградите во подобра верзија од себе.
1. Вежбање
30 – минутно трчање наутро може да ви ги подобри способностите за решавање на проблеми. Физичката активност испумпува крв со вашиот мозок и ви помага да размислувате појасно.
2. Побарајте луѓе кои ќе ве надополнуваат
Откријте кои се вашите силни и слаби страни и потоа опкружете се со луѓе кои имаат различни способности и можности од вашите. Тоа ќе ве инспирира да ги развиете и вашите способности понатаму.
3. Размислувајте за вашите минати постапки
Создадете си време во денот кога ќе се потсетувате и ќе размислувате за нештата кои сте ги постигнале, за одлуките кои сте ги донеле и за можните грешки кои сте ги направиле. Тоа ќе ви помогне да ги процените подобро актуелните дневни активности и да поставите приоритети, како и план како да ги остварите.