Ефектот на ној: Зошто пропаѓаат компаниите во кои менаџерите не сакаат да слушаат лоши вести ?

- Advertisement -

Дали некогаш сте работеле за менаџер или шеф којшто не сакал да слуша лоши вести? Дали некогаш се случило да кажат работи како „Не доаѓај кај мене со проблеми, дојди со решенија!“? Дали станале агресивни кога откриле дека перформансите не се онакви какви што сакаат да бидат?

Извор – Медиа Бреинстер, веб сајт на Некст Колеџ

- Advertisement -

Share on facebookShare on linkedin

Дури, има и такви случаи кога целиот менаџмент и лидерски тим креираат култура каде што добрите вести се наградуваат, а лошите се игнорираат или казнуваат. Овие компании страдаат од ефектот на ној.

Што значи ефект на ној?

Ефектот на ној е когнитивна пристрасност кај луѓето што претпочитаат „да ја пикаат главата во песок“ (како митот за тоа што прави нојот) наместо да се соочуваат со непријатни и негативни информации. Или во суштина, да ги игнорираат проблемите, наместо да ги признаваат.

- Advertisement -

Како ефектот на ној може да се препознае во една компанија?

Во организациите што страдаат од ефектот на ној, не се игнорираат само лошите вести.

Тоа може да резултира со култура на страв каде што луѓето воопшто не се чувствуваат удобно да известуваат за било какви вести и да споделуваат идеи.

- Advertisement -
ефект-на-ној
Извор: www.pexels.com

Па така, кога вработените ќе добијат негативни вести, може активно да се обидат да ги скријат и да лажат за напредокот само за да не бидат казнети за нивната искреност.

Volkswagen и Nokia како примери за компании што ја научиле лекцијата

Volkswagen

Поради наравот на еден од извршните директори на компанијата, културата во Volkswagen била заснована на страв. Вработените често лажеле дека ги исполнувале стандардите за  емисија на штетни гасови кога развивале дизел автомобили, бидејќи кога споделувале вести за неуспеси, разговориле станувале непријатни, гласни и прилично понижувачки. Никој не сакал да го трпи тоа.

По скандалот каде што бил разрешен контроверзниот директор, работите се вратиле во нормала. Културата во компанијата се трансформирала во место во кое проблемите не се кријат, туку отворено им се соопштуваат на претпоставените.

Nokia

Некогаш доминантен светски производител на мобилни телефони, Nokia брзо го загуби пазарниот удел по објавувањето на Apple за iPhone, не можејќи да иновира и да се прилагоди на новите потреби на пазарот.

Истрагата за падот на Nokia, утврди дека причината за неуспехот на Nokia не е поради инфериорниот телефонски хардвер, туку поради организацискиот страв, заснован на култура на темпераментни лидери и исплашени менаџери, престрашени да ја кажат вистината.

Во тој период, било многу тешко да им се каже на менаџментот работи што тие не сакале да ги слушнат, бидејќи постојано им се заканувале на вработените со отпуштање или деградирање.

Плашејќи се од реакциите на раководството, менаџерите молчеле или давале оптимистички, филтрирани информации. 

Сето ова резултирало во култура каде што иновациите биле фокусирани на идеи што можело да се ветат дека ќе бидат брзо испорачани, наместо на долгорочна визија за подобрување на оперативниот систем потребен за телефоните во иднина.

Како може да го поправите ефектот на ној во Вашата организација?

Една од најефикасните работи што треба да се направи е да се изгради психолошка безбедност.

Психолошката безбедност гради средина каде што е доволно луѓето да си веруваат еден на друг за да зборуваат не само кога ќе видат проблем, туку и за начини како да го надминат и да ја научат лекцијата.

Културата заснована на страв е онаа каде што Вашите тимови не можат да летаат. Нојот можеби е најголемата птица во светот. Но, исто така е една од ретките што не можат да летаат. Токму затоа, ова токсично однесување, се нарекува ефектот на ној.

За да дознаете повеќе за ефектот на ној: https://www.ideatovalue.com/inno/nickskillicorn/2022/01/these-companies-failed-because-leaders-did-not-want-to-hear-bad-news-the-ostrich-effect/

Фото – Pexuels

Сподели!
- Advertisement -