Индија планира да ја изгради најголемата фарма во светот за соларна и енергија од ветар

- Advertisement -

Кога станува збор за чистата енергија малку нации се истакнуваат како Индија. Министерството за нова и обновлива енергија на Индија најави планови за изградба на најголемиот хибриден проект за соларна и енергија од ветар во светот. Проектот ќе се гради во населбата Анантапур во државата Андра Прадеш. Според Cleantechnica, фармата ќе има капацитет од 160 мегават-часови од кои 120 мегават-часови ќе бидат соларна енергија, а 40 мегавати од ветрот. Светска банка инвестира 155 милиони долари во проектот.

Масивниот комплекс за соларна енергија и енергија од ветар ќе зафаќа површина од околу 4 квадратни километри и ќе има батериски систем кој ќе овозможи производство на енергија без прекин без разлика какво е времето надвор. Градот Анантапур досега се соочуваше со прекини на електричната мрежа и се надеваат дека сега со новиот систем ќе се обезбеди стабилен проток на струја.

- Advertisement -

Доколку се оди според планот, пилот проектот ќе може да се прошиди во други делови од Андра Прадеш со слични проблеми. Иако ова не е прв пат да се користи ваква технологија, ова е најголемиот хибриден проект за соларна енергија и енергија од ветар во светот. Светска банка ќе соработува со компанијата Solar Energy Corporation of India (SECI), со Агенцијата за обновлива енергија на Андра Прадеш, NREDCAP и со Andhra Pradesh Transco за да го реализира проектот. Владата на Андра Прадеш очекува дека до 2022 година ќе се добиваат 10 гигават-часови енергија од сонцето и 8 гигават-часови од ветар.

Сподели!
- Advertisement -