Психолог од Силиконската долина укажува кои се трите најважни вештини за секој менаџер

- Advertisement -

Кога вработен од пониска позиција ќе добие унапредување во менаџер, едно од првите нешта што ќе го воочи е дека техничките вештини кои ги усовршувал досега, нема да му помогнат во улогата на лидер. Ова е заклучокот на стартапот BetterUp кој нуди тренинг за вработените во големите компании во Силиконската долина како Facebook, Salesforce и LinkedIn.

Новите менаџери мораат да развиваат меки вештини без при тоа да се одвикнат од техничките вештини со кои работеле до сега.“, вели д-р Хасинта Хименес, психолог кој раководи со одделот за тренинг во BetterUp. Таа ги открива трите најважни вештини кои новите менаџери мораат да ги усовршуват откако ќе ја преземат менаџерската функција.

1. Дефинирање на цели и тимска комуникација

- Advertisement -

Менаџерите се обично луѓе кои биле најдобри вработени и најчесто добиле унапредување поради својот сет на вештини. На почетокот нивниот инстинкт е најчесто сами да ја завршат целата работа.

„Ова е најбрзиот начин како да се преработат и тоа не е добро за нив.“, раскажува Хименес. Менаџер кој поставува јасни цели за својот тим ќе открие дека луѓето од тимот се чувствуваат повредни и помотивирани бидејќи менаџерот покажал дека им верува. Давањето на задачи кои ги истакнуваат силните страни на вработените ќе придонесе уште повеќе да им се зголеми еланот за работа.

- Advertisement -

Исто така, многу е важно менаџерот да биде постојан во комуникацијата со тимот. Менаџерот може да очекува директен извештај за она што е завршено само доколку постави јасни насоки.

2. Изградете култура во која секој ќе се чувствува дека може да придонесе

- Advertisement -

Најуспешните менаџери создаваат средина во која секој учествува и се труди да сработи најмногу.

Не треба вработениот кога ќе седи на состанок со целиот тим да се чувствува дека ако даде некоја идеја, менаџерот веднаш ќе го пресече и нема да го сослуша“, вели Хименес.

Ејми Едмондсон, чие истражување за лидерство и менаџмент спроведено на Harvard Business School придонесе кон оформување на методологијата на BetterUp, верува дека лидерот гради култура на доверба кога открива што знаат другите, со што можат да придонесат и што можат да додадат.

Таа им препорачува на менаџерите да им поставуваат искрени прашања на вработените и да слушаат внимателно, да покажат ентузијазам кога тимот ќе ги оствари целите и да бидат заинтересирани за сечија перспектива без разлика на кое место од корпоративната скала се наоѓаат. Кога лидерот покажува вакво однесување, креативноста и иновациите растат.

3. Прифатете неуспех

Новите менаџери најчесто размислуваат за личниот развој само во црно или бело.

Или ме бидува за менаџер, или не. Ова често го слушаме од новите менаџери кои не сфаќаат дека ваквото ограничување само ги подготвува за неуспех.“, вели Хименес. Таа додава дека клучно за успех е да се премине од фиксната рамка на размислување кон став дека постојано мора да се учи и да се развива сетот од вештини.

„Она што постојано им го повторуваме на менаџерите е следново: не плашете се од зборот „неуспех“.

 

 

Сподели!
- Advertisement -