Вашето омилено кафе сега има и совршено друштво – Виталиа во Mikel Coffee

- Advertisement -

Има нешто посебно во паузата за кафе. Понекогаш таа трае само неколку минути, а понекогаш знае да биде совршен изговор за подолго дружење, разговор или почеток на нови познанства. Токму затоа, отсега во Mikel Coffee ве очекува и Vitalia Corner, место каде што омиленото кафе добива уште подобар вкус.

Во фокусот е новата линија Elements AirPopped Chips – нова генерација чипсови подготвени без пржење, со полесна и крцкава текстура и до 60% помалку масти во споредба со традиционално пржените чипсови. Достапни се во четири вкусови – Mediterranean Sea Salt, Smoked Paprika, Sour Cream & Onion и протеинската варијанта Garam Masala & Golden Curry, создадени за секој што сака да открие нешто ново во омилената категорија на грицки.

- Advertisement -

Покрај нив, на истото место ќе ги најдете и протеинските барови, идеални за кога денот е исполнет со обврски, како и пробиотските колачи – практична ужинка што лесно се вклопува во секое патување, викенд авантура или едноставно во чантата за секој ден.

А додека вие уживате во вашето кафе, и најмалите имаат свој избор. Во Vitalia Corner ги очекуваат Happy Little Adventures ужинките и освежителниот леден чај, за секоја семејна пауза да биде вистинско уживање.

- Advertisement -

Следниот пат кога ќе застанете во Mikel Coffee, запомнете дека таму ќе најдете многу повеќе од само кафе. Погледнете го новиот Vitalia Corner и откријте ја комбинацијата што најмногу ви одговара – крцкав Elements AirPopped Chips, протеински бар за дополнителна енергија или пробиотско колаче што ќе ве придружува каде и да тргнете.

Затоа што доброто кафе е само почеток. Добрата ужина го прави моментот комплетен.

- Advertisement -