21 C
Skopje
вторник, септември 29, 2020

Биткоин умира, време е за нова криптовалута!

TMF desktop 19.08.2020

Подемот на криптовалутите од некои луѓе направи мултимилионери речиси преку ноќ, а најголем дел од тие новопоечени милионери уште се на факултет или се откажале од факултет токму поради парите. Еден од таквите криптобогаташи е 19-годишниот Ерик Финман, кој токму поради растот на цената стана милионер. Но, за разлика од најголем дел од криптобогаташите кои чекаат вистински момент за да заработат од своите биткоин, како што пренесува Zimo, Финман има посебна мисија.

Во текот на минатата година Финман се разочара од светот на криптовалутите и смета дека оригиналната идеја на blockchain и на криптовалутите веќе не постои, туку надвладеаја измами и политики за тао дали биткоин може да ги замени традиционалните пари.

Тој одлучи да го промени тоа. Патува по светот и собира други истомисленици, најголем дел биткоин милионери, за да покренат нова криптовалута која би ги решила, според него, сите проблеми со криптовалутите.

„Разочаран сум од ситуацијата со криптовалутите. Целиот boom донесе многу измами и валкани договори, а биткоин заедницата премногу е насочена кој сопствените интереси за да ја модернизира технологијата која лежи зад сето тоа“ изјави Финман за Business Insider.

Тој мсета дека големиот пазар на криптовалути е корумпиран и тоа резултираше многумина да мислат дека криптовалутите се вредни како злато, а не да ги гледаат како потенцијална замена за парите. Финман вели дека сме сведоци на заживувањето и на смртта на првата генерација криптовалути.ЗАтоа ги собира истмислениците, кои ги нарекува „биткоин китови“, кои се подготвени да инвестираат во креирање нова криптовалута која би била се што не е биткоин – со помалку колебање на пазарот и поевтина и побрза трансакција.

Новата криптовалута ќе биде поедноставна за користење од просечниот корисник, вели Финман. Тоа не значи дека неговата екипа ќе биде таа која ќе ја осмисли и ќе ја претстави новата и подобра криптовалута. Потребата за такво решение ќе биде толку голема што корисниците нема да имаат ништо против да заборават на старите начини и криптовалути.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •