За развој на малите и средните претпријатија да се користат европските програми

- Advertisement -

Домашните мали и средни претпријатија треба да се пријавуваат повеќе за учество во проекти финансирани со програмите на Европската унија со оглед на капацитетот и интересот за соработка со нив од компании од странство.

Тоа го порачаа денеска од Европската мрежа на бизнис можности во Македонија (ЕЕН Македонија), дел од најголемата мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, вклучена во европските програми КОСМЕ и Хоризонт, а која на фирмите им нуди помош во искористување на  можностите од европскиот пазар.

- Advertisement -

Податоците на ЕЕН Македонија покажуваат дека гледано по области најголем  интерес и степен на успех имаат фирмите од ИКТ областа.

Виктор Стојмановски, проект-менаџер на ЕЕН Македонија, се надева дека годинава ќе има директен бенефит од Инструментот за поддршка на мали и средни претпријатија.

- Advertisement -

„На ниво на цела мрежа од она што е пријавено и она што е добиено степеност на успех  е пет проценти. Исклучително успешен е Исланд со 13 проценти. Македонските мали и средни претпријатија треба повеќе да се пријавуваат, а оние што се  пријавиле во евалуацијата поминуваат добро. Се надеваме дека годинава ќе имаме директен бенефит од Инструментот за мали и средни претпријатија.  Во другите  области се снаоѓаат и се пријавуваат“ рече на прес-конференција Стојмановски.

Преку ЕЕН во изминатите две години 137 компании од странство искажале интерес за соработка со македонски фирми, а реализирани се 36 партнерства, со потпишани договори за бизнис, партнерство или за учество во проект од ЕУ.

- Advertisement -

Дигитални услуги од мрежата на ЕЕН добиле 5.000 компании. „Тоа е добра бројка на компании кои се подготвени да се интернационализираат. Ако имаме 1.000 компании од Македонија кои имаат капацитет да бидат директно иновативни рамо до рамо со европските е добра бројка“ рече Стојмановски.

Во Европската мрежа на бизнис можности  се вклучени 600 партнерски организации и над 3.000 експерти.  Во просек  52.000 мали и средни претпријатија секојдневно добиваат совети од експертите од мрежата  во насока на унапредување на нивната  иновативност, раст и  интернационализација.

Сподели!
- Advertisement -