Двобој: Го споредивме Xiaomi Mi Mix 2 и iPhone 8

- Advertisement -

Имајки предвид дека во последните неколку години на пазарот излегуваат многу нови компании со уште поголем број модели на паметни телефони, вреди да се направи споредба помеѓу новодојдените модели со веќе постоечките

Паметните телефони се составен дел од нашиот секојдневен живот. Тоа е факт. Но информацијата, кои модели нудат најдобри перформанси за пристојна цена, често не ја земаме во предвид. Паметните телефони на Apple се помеѓу најпопуларните и најдобрите на пазарот. Но, во последните неколку години на пазарот пристигнаа неколку модели со Android оперативен систем, а што директно им конкурираат на Apple телефоните туку и во некои категории истите ги надминаат.

Еден таков модел е новиот паметен телефон на Xiaomi Mi Mix 2 кој е најновиот модел и предводник на компанијатa Xiaomi.

- Advertisement -

За да добиете подобра идеја за тоа како новиот Mi Mix 2 на Xiaomi се справува со Apple iPhone 8 направивме компарација на двата уреда.

Главни спецификации

ПРОИЗВОДИТЕЛ XiaoMi Mi Mix 2 Apple i phone 8
 

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

ЕКРАН

·          IPS LCD capacitive touchscreen, 16M colors

·          5.99 inches, 92.6 cm2 (~80.8% screen-to-body ratio)

·          1080 x 2160 pixels, 18:9 ratio (~403 ppi density)

·          LED-backlit IPS LCD, capacitive touchscreen, 16M colors

·          4.7 inches, 60.9 cm2 (~65.4% screen-to-body ratio)

·          Wide color gamut display
– 3D Touch display & home button
– True-tone display

 

 

ПЛАТФОРМА

·          Android 7.1 (Nougat)

·          Qualcomm MSM8998 Snapdragon 835

·          Octa-core (4×2.45 GHz Kryo & 4×1.9 GHz Kryo)

·          Adreno 540

·          iOS 11, upgradable to iOS 11.2

·          Apple A11 Bionic

·          Hexa-core (2x Monsoon + 4x Mistral)

·          Apple GPU (three-core graphics)

МЕМОРИЈА ·          128 GB, 8 GB RAM or 64/128/256 GB, 6 GB RAM ·          64/256 GB, 2 GB RAM
 

КАМЕРА

·          12 MP (f/2.0, 1/2.9″, 1.25 µm), phase detection autofocus, 4-axis OIS, dual-LED dual-tone flash, ·          12 MP (f/1.8, 28mm), phase detection autofocus, OIS, quad-LED dual-tone flash,
ДОДАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ·          Fingerprint (rear-mounted), accelerometer, gyro, proximity, compass, barometer ·          Fingerprint (front-mounted), accelerometer, gyro, proximity, compass, barometer
БАТЕРИЈА ·          Non-removable Li-Ion 3400 mAh battery ·          Non-removable Li-Ion 1821 mAh battery (6.96 Wh)

 

Со еден поглед кон спецификациите веднаш станува јасно дека Mi Mix 2 располага со исклучително моќен чип сет. 128 GB интерна меморија и неверојатни 8 GB RAM што е за четири пати повеќе од iPhone 8 и му овозможува на Mi Mix 2 да ги извршува сите задачи без никакви проблеми. Точно, iPhone е популарен и е навистина врвен телефон изработен од квалитетни материјали но, Mi Mix 2 не е далеку во квалитетот на користените материјали и неговата изработка. Алуминиумот, керамиката и стаклото оддаваат впечаток на квалитетно изработен телефон.

Дополнително од главните карактеристики на двата телефонски уреди не смееме да заборавиме дека iPhone 8 чини скоро двојно повеќе од Xiaomi Mi Mix 2.

Доколку сте во процес на избор  на нов паметен телефон, перформансите и дизајнот ви се од особено значење, а притоа сакате да заштедите, тогаш сериозно треба да го погледнете Mi Mix 2. На македонскиот пазар Mi Mix 2  можете да го набавите за приближно 35 илјади денари  во споредба со iPhone 8 за кој ќе треба да издвоите дури 53 илјади денари.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -