Најавено четвртото досега најголемо издание на Tech.O на тема “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”

- Advertisement -

На 7ми март, во хотелот “Александар Палас” ќе се обединат околу 150 претприемачи, бизнис професионалци, основачи на стартапи и претставници на амбасади, организации и комори се со цел да се развие дискусија на една од најактуелните теми на денешницава – Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со најактуелните прашања на оваа тема и да дознаат повеќе за креирањето на успешни општествено одговорни кампањи и социјални бизнис модели од страна на говорниците на настанот, вклучувајќи:

- Advertisement -
  • Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ
  • Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија  
  • Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг
  • Љубомир Стојчески, основач на Freshy’s – прв ресторан за здрава брза храна, кој практикува социјален бизнис модел
  • Весна Кузмановиќ, ментор за социјални претпријатија
  • Трејси Спаркс, дизајнер за иновации и стратегии

После презентациите сите присутни ќе бидат упатени во ‘Social Impact’ делот каде ќе имаат можност да се запознаат и со работата на неколку стартапи, дел од кои и се наградувани за општествено влијание. Сите овие претпријатија користат иновативни пристапи и се залагаат за користење на технологијата за подобрување на работата во различни индустрии; максимално користење на ресурсите и користење на еколошки производи; отворање нови работни места за ранливи групи и друго.

Ова е четврто и досега најголемо издание од серијата на настани организирани од Валосо Хуб под име Tech.О чија цел е создавање почва за поразвиена бизнис и ИТ клима во Македонија преку иновации и нови технологии.

- Advertisement -

Овогодинешното издание ќе има хуманитарен аспект, што значи дека дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани во добротворни цели и искористени за поддршка на социјални проекти.

Доколку сакате да бидете дел од заедницата која на иновативен начин прави разлика во општеството, регистрирајте се на овој линк.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -