Треба да се казнат компаниите кои пуштаат отпад на пазарот, а не плаќаат за тоа!

- Advertisement -

Под мотото „Европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпадот – сега и во иднина“ во Стопанската Комора на Македонија се одржа прва меѓународна конференција во организација на Асоцијацијата за управување на посебните текови на отпадот.

На конференцијата директори на најголемите компании- колективни постапувачи од Германија, Чешка, Бугарија и од ЕКСПРА (асоцијацијата на колект.постапувачи со седиште во Брисел), заедно со македонските претставници  дискутираа и разменуваа искуства поврзани со моделите за ефикасно управување со посебните текови на отпад. Учесниците ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат, посебно ставајќи акцент на важноста од соработката со општините, и посебно за потребата од ефикасни инспекциски контроли од државните органи со цел  доследно применување на законските обврски поврзани со посебните текови на отпадот.

Сите учесници беа едногласни дека е потребно санкционирањето на компаниите кои пуштаат отпад на пазарот, отпад од посебни текови, а не финансираат системи за негово собирање и рециклирање. Исто така се  истакна дека решавањето на проблемот со неформалните собирачи мора да се стави високо на агендата на општините и институциите. Дека има потреба од клириншка куќа која што ќе го следи работењето на колективните постапувачи, и ќе се грижи да постои лојална конкуренција, а што ќе биде во согласност со плановите на ЕУ.

- Advertisement -

Учесниците истакнаа, дека за над 40% од количините отпад од пакување кои компаниите секоја година го пуштаат на пазарот, не се плаќа во ниту еден колективен систем за собирање (како што се Пакомак и Еуро-екопак). Ниту пак тие компании плаќаат на дражавта, што претставува нивна законска обврска. Оваа евазија директно го оштетува буџетот на РМ сво просек со 3-4 милиони евра годишно.

Во Македонија се создаваат годишно над 700.000 тони  различен отпад, од кои над 100.000 тони се отпад од пакувања, над 15.000 тони електронски и електричен, над 70 тони мали батерии и над 3.500 тони акумулатори. Ова според Асоцијацијата е над 20% од вкупниот отпад, но се уште има голем број компании кои не ги почитваат законите, со кои се задолжени да го пријавуваат отпадот што го создаваат и да финансираат негово одделно собирање и рециклирање. Секоја компанија, независно дали произведува или увезува производи со чија продажба создава во перспектива отпад од пакување, отпадни батерии или електроника, мора да плаќа некаде во некој систем за собирање на тој создаден отпад”, истакна Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.

- Advertisement -

Според Фани Христовска, заменик председател на Асоцијацијата за управување на посебните текови на отпадот, моделот кој сега го имаме со колективни постапувачи формирани од индустријата е добар и дека само недостасува институционална поддршка за негово полно имплементирање. Таа истакна Законот за управување со посебните текови на отпад е на сила од 2011 година, и според него сите компании во малопродажбата (супермаркети, продавници, трафики, аптеки, ресторани, кафулиња, продавници за бела техника и други..) не смеат, да продаваат производи од компании кои немаат доказ дека плаќаат односно финансираат некој колективен систем за селекција и рециклирање на нивниот отпад кој го создаваат при продажбата на нивните производи. Државниот Инспекторат за Животна Средина и Пазарниот Инспекторат треба да ги контролираат сите производители и увозници дали се членови на некој колективен систем за управување со отпад или плаќаат некаде воопшто. Ако не се, треба да платат ретроактивно и да бидат санкционирано согласно законите.

- Advertisement -

На конференцијата учестуваа претставници од Владата, МЖСПП, ДИЖС како и на ЗЕЛС како асоцијација на општините. Членки на Асоцијацијата за управување со посебни текови отпад се компаниите за управување со отпад од пакување Пакомак и Еуро-Екопак, како и компаниите за управување со батерии,  акмулатори и електричен и електронски отпад Нула Отпад, Елколект, Екон електрон  и Таб-Мак. Како самостоен постапувач со отпад член е и Цементарницата Усје.

Сподели!
- Advertisement -