-4.2 C
Skopje
понеделник, јануари 24, 2022

Германија сака да воведе бесплатен јавен превоз во сите загадени германски градови

Kabtel desktop

Германската влада размислува да го направи јавниот превоз бесплатен во сите градови во земјата каде што загадувањето е најголемо, се вели во писмо кое го пренесе Reuters,а информира Светскиот економски форум. Наводно, во писмото се наведувале и други можни поконвенционални мерки како што се зони со ниска емисија на гасови.

Писмото било испратено до европскиот комесар за животна средина, Кармену Вела, а било потпишано од германските министри за животна средина и за земјоделство Барбара Хендрикс и Кристијан Шмит, како и од канцеларот Питер Алтмајер.

Германија подолго време е под притисок на Европската комисија, која во јануари вети дека ќе заземе поцврст став во однос на квалитетот на воздухот во земјите-членки и дека ќе воведе казни за сите кои ќе ги прекршат правилата на ЕУ за загадувачи од типот на азотен оксид и честички. Германските власти се соочуваат со правни мерки против нив поради проблемите со квалитетот на воздухот во градовите.

Во писмото властите на Германија предлагаат креирање зони на ниска емисија, бесплатен јавен превоз во сите градови за да се намали употребата на автомобили, посебни субвенции за електрични автомобили и техничка надградба на постојните возила доколку е ефективна и економски исплатлива.

Властите најпрвин планираат новите мерки да важат за пет града: Бон, Есен, Херенберг, Ројтлинген и Манхајм, а потоа најуспешните мерки ќе се применат и во останатите градови.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!