3 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Првата компанија за производство на автономни бродови се отвори во Норвешка

Kabtel desktop

Два норвешки гиганти за производство на бродови, Wilhelmsen и Kongsberg, се здружија и ја оформија првата компанија во светот за правење автономни бродови Massterly, пренесува Inhabitat.

„Како лидерска нација во поглед на поморството, Норвешка ја зазеде челната позиција во развојот на автономни бродови. Преку компанијата Massterly ние го правиме наредниот чекор на тоа патување со воспоставување на инфраструктурата и услугите за дизајнирање и управување со бродовите, како и напредни логистички решенија за поморски автономни операции“, вели извршниот директор на Wilhelmsen, Томас Вилемсен.

Корпоративната соработка, зад која стои 360-годишно искуство во правењето бродови, ветува прифатливи цени преку автоматизирана ефикасност. „Massterly ќе ги снижи цените на сите нивоа и ќе излезе во пресрет на сите компании кои имаат потреба од ваков транспорт“ додаде Вилхелмсен.

Компанијата Kongsberg ќе ја обезбеди технолошката експертиза, додека Wilhelmsen ќе работи на логистика и менаџирање со бродови. Автономните бродови ќе бидат нагледувани и модифицирани во контролни центри, кои ќе бидат изградени на копно.

Норвешка го предводи патот на развојот на технологијата за автономни бродови особено по лансирањето на електричниот брод Yara Birkeland. Работата на овој брод почна во мај 2017 година и ќе биде целосно автономен до 2020 година. Во меѓувреме на него ќе има екипаж и со него ќе се управува на далечина. Изградбата на бродот чинеше 25 милиони долари, а првото патување чинеше трипати повеќе отколку што чини едно патување на обичен брод со таа големина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •