Реализирани обуки за родова сензитивност во пет македонски општини

- Advertisement -

Реализирани обуките за родова сензитивност во петте општини опфатени со проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“

Во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)” се одржаа пет обуки, во петте опфатени општини, на тема  „Родова сензитивност во буџетирање, политики и   претприемништво – препознавање и примена“. Заклуно со денес се одржаа обуките во општините Ѓорче Петров – Скопје, Велес, Кичево, Битола и Куманово.

Обуките започнаа во Скопје, каде обуката се одржа на просториите на Општина Ѓорче Петров, на 22 март. Во Велес, реализацијата на обуката беше во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, на 03 април. Во Кичево, беше во Салата на Советот на Општина Кичево, на 11 април. Исто така и во Битола, обуката се реализираше во Салата на Советот на Општина Битола, на 12 април, и во Куманово, во кружната сала на поранешната зграда на Комитетот, денес, на 13 април.

- Advertisement -
Ѓорче Петров, Скопје

Целта на обуките беше подигнување на нивото на знаење преку дадени насоки за препознавање на родовата компонента во повеќе сегменти (политики, буџетирање, претприемништво), за подобар прием на Стратегијата за развој на ЖП во РМ 2018-2022, чије одобрување се очекува, за нејзино прифаќање и имплементирање, пред се кај претставниците на комисиите и работните тела на општините, кај другите институции кои ќе бидат вклучени (како АВРМ, МТСП, АППРМ, стопански комори, регионални развојни центри и др.), и локалните граѓански организации.

Велес

Учесниците покажаа интерес да добијат повеќе информации за мерките на владините институции за поттикнување на (само)вработување и за женско претприемништво, оценувајќи ги како добри можностите, кои според нив треба да бидат подостапни на жените во рурални средини.

- Advertisement -
Куманово

Во текот на обуките, исто така, беше истакната потребата од креирање на политики кои на жените ќе им овозможат подобар баланс меѓу професионалниот и приватниот живот. Во сите опфатени општини, како најгорлив проблем беше истакнат недоволниот број на институции за грижа за деца и за стари лица (недоволен број на градинки, немање доволно персонал во нив, недоволен број на старачки домови и сл.).

Кичево

Проектните активности продолжуваат во следниот период, со основачки состаноци со меѓуресорни работни групи во секоја од општините, како и со работни состаноци со жени претприемачки од локалната бизнис заедница.

- Advertisement -
Битола

 

Сподели!
- Advertisement -