-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Brikawood се куќи кои се склопуваат како ЛЕГО коцки

Kabtel desktop

Сте посакале ли некогаш самите да можете да изградите вистинска куќа со коцки кои се одржлива верзија на коцките ЛЕГО за играње? Компанијата Brikawood од Франција тој сон го претвори во реалност и го трансформира бизнисот со модуларни домови. Brikawood прави дрвени коцки кои се склопуваат за да се формираат ѕидови на куќи без употреба на лепак, шајки или шрафови. Ѕидовите од дрвени тули потоа се пополнуваат со пiилевина која е нуспроизвод при производството на коцките. Ѕидовите од овие коцки се совршена звучна и топлотна изолација.

Тулите на Brikawood се прават од дрво од посебен вид бор кој расте многу брзо. Боровите се одгледуваат во одржливи шуми и се еколошки. Бидејќи пилевината која се добива при производството на коцките се користи за изолација, во целиот производствен процес на Brikawood не се создава никаков отпад.

Оваа француска компанија продава сетови за изградба на мали станови. Исто така, прави и сетови за мали приколки за авантуристите кои често патуваат. Според Brikawood, не мора да знаете да градите за да изградите еден од нивните сетови.

Просторите кои остануваат меѓу коцките на Brikawood овозможуваат лесно да се постави електрична инсталација. Куќите од вакви коцки може да се изградат за само неколку дена, а граѓата од бор може трае дури 50 години.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!