14.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Одбележан светскиот ден на интелектуална сопственост и доделена наградата „Патент на годината“ за 2017

Kabtel desktop

Со врачување на признанието „Патент на годината“ за 2017 година на пронајдувачот Виктор Настов за „Уредот со електрично или пневматско задвижување на преклопен механизам за иницирање намалување на брзина на возила“, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС)  го одбележа 26 Април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост.

Уредот е замена за легнатите полицајци и доколу над него се поминува со дозволената брзина воопшто не реагира и се проаѓа како да е рамен асфалтот, а ако брзнината е поголема од дозволената се подигнува и изгледа како класичен легнат полицаец.

Како што информира директорт на ДЗИС Сафет Емрули годинава Светскиот ден се одбележува под мотото „Промена на моќ – Жените во иновативноста и креативноста“, а целта е жените повеќе да се вклучат во иноваторството и патентите.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да им овозможиме на жените во Македонија што повеќе да се вклучат во иноваторството и пронајдоците.“, рече Емрули.

Тој истакна дека ДЗИС годинава одбележува 25 години од формирањето и најави дека ќе се спроведат повеќе кампањи за подигнување на свеста за правата од индустриска сопственост.

Неговиот заменик Горан Герасимовски посочи дека жените порнаоѓачи од Македонија учествуваат со помалку од 10 отсто во вкупниот број на пронајдоци во земјава и додаде дека само во три од досега наградените пронајдоци  учествувале и жени пронаоѓачи.

Во светски рамки во 1990 година жените учествувале само со 17 отсто во тимовите кои имале пронајдоци, а сега нивниот број е зголемен на речиси една третина, но процентот и натаму треба да се подобрува.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на интелектуалната споственост им беа врачени специјални признанија на жените пронаоѓачи од Македонија кои во текот на 2017 година биле наградени на светските изложби на пронајдоци.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •