Пет нешта кои паметните луѓе никогаш нема да ги кажат на работното место

- Advertisement -

Постојат некои фрази кои едноставно никој не треба да ги изговори на работното место. Овие фрази можат да ве прикажат во погрешно светло пред соработниците и претпоставените, дури и кога се целосно вистинити. Без разлика колку сте талентирани и колку имате постигнато, избегнувајте ги овие фрази кои можат да го променат начинот на кој луѓето гледаат на вас.

1. Ова вака се прави долго време

- Advertisement -

Денес технологијата постојано напредува со неверојатно брзо темпо, па понекогаш и методите што сме ги користеле пред шест месеци, веќе може да бидат застарени. Ако на вашиот шеф му кажете дека сте решиле да завршите некоја задачи на одреден начин само поради фактот дека така тоа се правело отсекогаш, тогаш тој може да стекне слика за вас како мрзеливи и отпорни на промени, поради што тој сигурно ќе се запраша зошто не се обидувате да работите поефикасно.

2. Нема проблем

- Advertisement -

Ако некој ве замоли да му завршите одредена задача или ви се заблагодари за нешто што сте направиле, а вие му одговорите со „нема проблем“, со тоа подсвесно имплицирате дека тоа можеби ви претставувало проблем да го завршите. Наместо оваа фраза, следниот пат одговорете со „Ми беше задоволство“ или „Ќе ми биде мило да го завршам тоа.“. Иако се работи само за разлика во изразот, на овој начин ќе оставите подобар впечаток пред соработниците.

- Advertisement -

3. Ова можеби е смешна идеја…

Со овие претерано пасивни фрази, веднаш ќе ја срушите веродостојноста на она што планирате да го кажете следно. Дури и ако после оваа фраза следува некоја одлична идеја, вие сугерирате дека ви недостасува самодоверба поради што работодавачот или соговорникот ќе изгуби верба во идејата. Не бидете својот најлош критичар.

4. Ќе се обидам

Исто како и зборот „мислам“, „ќе се обидам“ звучи како да сте несигурни и се сомневате во вашите способности да ја завршите задачата. Преземете контрола над своите способноси, а кога ќе ве замолат да завршите нешто или се обврзете дека ќе го направите тоа или понудете алтернатива. Ако кажете дека ќе се обидете, тоа звучи дека воопшто нема да се потрудите.

5. Не е фер

Секој знае дека животот понекогаш не е фер. Но кога реагирате во одредена ситуација со фразата „не е фер“, тогаш ризикувате да се покажете како незрела и наивна личност.

Ако не сакате да се покажете во лошо светло, држете се до фактите, бидете конструктивни и изоставете го вашето видување за ситуацијата.

Сподели!
- Advertisement -