Во Европа расте бројот на независни професионалци- фриленсери

- Advertisement -

Европскиот форум на независни професионалци објави истражување за растот на бројот на независни професионалци во Европската унија, кои се познати како фриленсери. Според објавените податоци, се работи за најголемиот процент досега забележан на пазарот на трудот во ЕУ. Имено, денес околу 15% од вкупниот број на вработени во Унијата, се независните професионалци.

Исто така, во периодот од 2008 до 2015 година, бројот на фриленсери во Европа се зголемил од 7,7 милиони на 9,6 милиони.

- Advertisement -

Како што пишува ICT Business, најголем пораст на фриленсери остварила Холандија каде во последниве десет години бројот на фриленсери пораснал за неверојатни 92%. Потоа следува Италија каде 23,4% од оние кои работат се фриленсери, додека пак во Русија овој процент изнесува 35%.

Во Словачка пак, секое деветто лице работи како фриленсер, а во Велика Британија бројките се уште поголеми. Како независни професионалци се квалификуваат околу еден милион и половина Британци, а вредноста на нивната работа се проценува дека изнесува дури 21 милијарда фунти.

- Advertisement -

На пазарот во Велика Британија потребата од квалитетни фриленсерски услуги е огромна и во постојан пораст, а најмногу се бараат специјалисти во дизајнерските и IT професиите.

Сподели!
- Advertisement -