28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

Владата прифати укинување на временското ограничување за продажба на алкохол, се чека на пратениците

UAKS desktop

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот со кој се нудат измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија. Измените предвидуваат  укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

Според одлуката на Влада, предлог законот кој доби зелено светло од министрите сега ќе треба да го изгласаат и пратениците.

Со предлог законот се предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците, додека пак на бензинските пумпи нема да се продаваат алкохолни пијалоци.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •