12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Германија уште веднаш ќе забрани употреба на дизел возила

Kabtel desktop

Главниот административен суд во Германија донесе закон кој на властите им овозможува уште веднаш да ја забранат употребата на дизел возила со цел да се добие почист воздух. Оваа одлука следува еден ден откако Европската комисија поднесе жалба до Европскиот суд на правдата, највисокиот суд во Европската унија, дека германските градови и понатаму не ги исполнуваат ЕУ стандардите за дозволено ниво на азот диоксид, пренесува Inhabitat.

Неодамнешната одлука и мерките кои ќе ги шреземат градовите ќе има значителни последици врз европските производители на возила како што е Volkswagen, кои имаат огромни инвестиции во дизел возила. Дизел возилата не емитуваат толку стакленички гасови кои придонесуваат за влошување на клиамтските промени туку испуштаат голема количина други загадувачи кои може да предизвикаат респираторни болести. Во Германија ваквата драматична забрана за дизел возилата е спротивна на досегашната политика на канцеларката Ангела Меркел и нејзината влада, кои имаат блиски односи со автомобилската индустрија.

Кога ќе почне да се применува забраната од патиштата ќе се тргнат милиони возила. Само 2,7 милиони од вкупно 15 милиони дизел возила во Германија ги исполнуваат ЕУ стандардите. Германскиот суд препорача постепена имплементација на забраната, почнувајќи со отстранување на најголемите загадувачи.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!