6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

YouTube воведе комуникациска алатка на веб верзијата

Kabtel desktop

Видеосервисот YouTube на корисниците им овозможи допишување на веб верзијата. Кога ќе се логирате на вашата сметка на Google и ќе го отворите YouTube.com, можете да се допишувате со пријатели и меѓусебно да споделувате содржини, додека тоа претходно беше возможно само на мобилната верзија на YouTube, пишува Klix.ba.

Во делот за допишување можете да пристапите преку икона која се наоѓа до ѕвончето за нотификации во горнит десен агол. Историјата на разговорите ќе се појави во долниот лев агол на екранот и така ќе ви овозможи да продолжите со претходните разговори, исто како што е на Hangouts или на Gmail.

Корисниците можат да споделуваат содржини во приватни разговори со користење на опцијата Share која се наоѓа под секое видео на YouTube, да го изберат контактот или контактите со кои сакаат да споделат некоја информација. Како и кај многу други апликации за допишување, можете да оставите срценце ако ви се допаѓа видеото или порака во четот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •