1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Starbucks затвори 8.000 кафулиња во САД

Kabtel desktop

Компанијата ја објасни својата рестриктивна мерка заради обука на персоналот во расната толеранција.

До овој потег дојде откако “Старбакс” постигна вонсудска спогодба со своите клиенти кои беа предмет на расна дискриминација.

Прес-службата на “Старбуркс” соопшти дека нејзиното однесување кон двајца Афро-американци минатиот месец е неприфатливо. Поради оваа причина, компанијата ги затвори своите 8.000 кафулиња во Соединетите Американски Држави за да го обучи персоналот во расната толеранција.

Двајца Афро-американцибеа уапсени од страна на полицијата на 12 април, по јавување  од менаџерот на кафулето во Филаделфија. Жртвите поднесоа тужба.

Обуката за расната толеранција ќе опфати 175.000 вработени во “Старбакс”. Во четиричасовната работилница, работниците најпрво да се запознаат со историјата на граѓанските права од шеесетите години од минатиот век па се до денес, а исто така, на таа тема ќе биде прикажан и документарен филм.

Аналитичарите велат дека затворањето на 8.000 кафулиња ќе ја чини компанијата меѓу 5 и 7 милиони долари. Околу 6.000 компании-кафулиња во места како аеродроми и супермаркети ќе продолжат да работат и нивните вработени ќе бидат обучени подоцна.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •