9.5 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Начинот на кој одите ќе се користи за идентификација наместо отпечатоците од прсти

Kabtel desktop

Можеби во иднина ќе треба да внимавате како се движите кога ќе влезете на аеродром. Секој се движи малку поинаку од другите и научниците работат на технологија која ќе ги идентификува луѓето, ни помалку ни повеќе, туку преку начинот на кој се движат.

Системот на кој работат е еден вид бихејвиорална биометрика и наскоро може да се најде на аеродромите исто како што има технологија за отпечатоци од прсти или за скенирање на зеници, пишува DailyMail. Ова е неинвазивна технологија која користи посебни делови вградени во подот осетливи на притисок и досега се покажала дека е прецизна во 99,3% од случаите при идентификација на луѓе. 

Системот се фокусира токму на начинот на движење на луѓето, а не на нивните отпечатоци од стапала. Физичката биометрика како што се отпечатоците од прсти, препознавањето лице и скенирањето зеници се почесто се користи за безбедносни цели. Сепак, бихејвиоралната биометрика – начинот на одење, гласот и потписот – исто така може да забележи уникатни елементи специфични за нечие иднесување и движење.

[quote color=”#f9f9f9″ bgcolor=”#848484″]Секој човек кога чекори има околу 24 различни фактори и движења кои прават да има уникатен начин на одење[/quote]

За да го создадат системот кој се базира на вештачка интелигенција научници од Универзитетот Манчестер и Универзитетот на Мадрид направија голема датабаза од отпечатоци од стапала. Датабазата содржи 20.000 сигнали при чекорење на 127 луѓе. Истражувањето покажало дека со анализа на движењата на тие луѓе може прецизно да се идентификуваат. 

„Секој човек кога чекори има околу 24 различни фактори и движења кои прават секој поединец да има уникатен, единствен начин на одење“ вели главниот истражувач Омар Костиља Рејес од Школата за електроинженеринг во Манчестер. 

Истражувачите ја тестирале нивната технологија во реални сценарија како проверка на аеродроми, на работа и во домашни услови. Друга примена на технологијата би биле уреди за детекција на невролошки заболувања.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •